НА РАЗГОВОР СО АНА ЈАКИМОВСКА
Секој четврток во СКАЛА ПРОДАВНИЦА, во соработка со FWSK x ONLYAFEW, претставуваме по еден дизајнер и бренд кој ја популаризира свесната и одржлива мода.
Со пар кликови секој може да порача дизајнерско парче и за помалку од седум работни дена истото ќе биде доставено на домашна адреса.
На разговор со Ана Јакимовска – Моден дизајнер, основач на Тесути Арт и Лидер на глобалното движење Fashion Revolution во РСМ.
Идејата за брендот е уште од 2016 год. кога за одржлива мода ретко и кој зборуваше. По поддршката од British Council и Принц Чарлс решив полека, но сигурно, да ја остварувам идејата и да се надоградувам на ова поле. Драго ми е што преку медиум како Скала, моите дизајни се конечно попристапни до мојата целна група, а тоа се младите девојки и жени.
________
________
За себе велам…
Дека сум борец, естета, уметничка душа…
Зад себе носам…
Сестраност, стекната низ моите минати искуства којашто идеално се вклопува во реализација на мојот бренд, изразувањето и менаџирањето на мојата работа во модната индустрија.
Пред себе гледам…
Успешно совладани предизвици коишто сакам сама да си ги поставувам и континуиран напредок. Едноставно така функционирам. Сакам кога знам дека треба нешто да совладам, надминам, подобрам. Исто така, гледам мода којашто е реална и го отсликува денешното живеење, но и моите вредности.
Од себе давам…
…дел. Да се биде креативец/дизајнер значи смелост да покажеш дел од себе и твоите верувања, естетика… значи да истапиш и да веруваш дека со тоа ќе успееш да подобриш и разубавиш барем дел од твојата околина и луѓето во неа.
Кај себе имам…
Емпатија, разбирање, учтивост, огромна верба и амбиција за успешни идни проекти.
Погледнете повеќе тука
_____
Фотографија: Антонио Станков
ПОДДРЖИ ГИ ЛОКАЛНИТЕ АВТОРИ!
КУПИ УМЕТНОСТ // ПОДАРИ УМЕТНОСТ