• Немате производи во кошничката.
TOP

СВЕСНА И ОДРЖЛИВА МОДА ВО СКАЛА ПРОДАВНИЦА



____________

Скала продавница со преполни полици!
Ексклузивна соработка и селекција на дизајнери и брендови од FWSK и ОNLYAFEW.


ДОСТАПНИ 77 ПАРЧИЊА ОБЛЕКА, НАКИТ И ПРОДУКТ ДИЗАЈН


Сите оние кои можеби го пропуштија изложбено-продажниот шоурум „Свесна Мода“ или, пак, не го направија својот конечен избор за време на тридневното „поп-ап“ издание на Моден викенд Скопје, сега имаат единствена прилика, одново да ги видат и купат уникатните креации од колекциите на повеќето учесници. Од денес се достапни за продажба исклучиво во рамки на домашната платформа за дизајн и современа уметност Skala Magazine.



12 ДИЗАЈНЕРИ И БРЕНДОВИ


Имињата коишто ја продлабочуваат заедничката мисија на FWSK, ONLYAFEW и Skala Magazine за промоција на свесната и одржлива мода во нашата земја се: Ирина Тошева, Terziya Movement, Minnimal, Стефанија Насеска, Seddum, Котев Ксенија, Tessuti Art, Krenare Rugova, PSSBL, LIPA Ceramics, Siideess и Саксија Urban Pots.




ПОДДРЖИ ГИ ЛОКАЛНИТЕ АВТОРИ!
КУПИ УМЕТНОСТ // ПОДАРИ УМЕТНОСТ

КОН ПРОДАВНИЦА



____________

Скала Магазин е прва студентска платформа за дизајн и современа уметност, отворена за промоција на домашните млади креативци, поврзување на студентите и независните артисти со организациите и компаниите, како и следење и поддржување на културните настани и сцена.

ПОВЕЌЕ ОД АВТОРОТ