• Немате производи во кошничката.
TOP

ВО СКАЛА ПРОДАВНИЦА СО АНЕТА ПОПОВА



Секој четврток во СКАЛА ПРОДАВНИЦА, во соработка со FWSK x ONLYAFEW, претставуваме по еден дизајнер и бренд кој ја популаризира свесната и одржлива мода.

Со пар кликови секој може да порача дизајнерско парче и за помалку од седум работни дена истото ќе биде доставено на домашна адреса.


ЛИПА е оној дел од мојата керамичка и воопшто творечка дејност, којшто пред сè е посветен на функционалната керамика. Користам различни видови глина, но најмногу тврда глина – каменина, којашто е непорозна и има одлични карактеристики за користење во секојдневието. Глазурите ги подготвувам сама, тие ми се посебен предизвик уште од самиот почеток.



________
________



За себе велам…


Дека сакам контрасти и самата во изобилие ги поседувам. И керамиката е преполна со контрасти, работењето изнудува нежност и сила истовремено.



Зад себе носам…


Разнобојни и разнообразни искуства, полни листови чкртки и зборови, труд, труд, труд… сонување, сонување, сонување…




Пред себе гледам…


Многу екперименти и мали-големи откритија. Некои од нив, се надевам ќе отворат врати од нови, возбудливи поглавја.




Од себе давам…


Сè. Не се штедам кога сакам нешто да постигнам. Иако сакам да планирам, керамиката исто како и животот, честопати ме соочува токму со спротивното. Па така, од себе давам и многу трпение.




Кај себе имам…


Упорност, љубопитност, решителност, но и мекост и сензитивност, заедно со сите звуци на градскиот метеж и кањонот каде што ми е ателјето. Имам и многу енергија, којашто не секогаш знам од каде доаѓа. А најважно, поддршка и љубов од драги и сакани луѓе.






ПРОДАВНИЦА: АНЕТА ПОПОВА
КУПИ ДИЗАЈН // ПОДАРИ ДИЗАЈН

КОН ПРОДАВНИЦА

Скала Магазин е прва студентска платформа за дизајн и современа уметност, отворена за промоција на домашните млади креативци, поврзување на студентите и независните артисти со организациите и компаниите, како и следење и поддржување на културните настани и сцена.

ПОВЕЌЕ ОД АВТОРОТ