• Немате производи во кошничката.

ВО СКАЛА ПРОДАВНИЦА СО КОТЕВ КСЕНИЈА



Секој четврток во СКАЛА ПРОДАВНИЦА, во соработка со FWSK x ONLYAFEW, претставуваме по еден дизајнер и бренд кој ја популаризира свесната и одржлива мода.

Со пар кликови секој може да порача дизајнерско парче и за помалку од седум работни дена истото ќе биде доставено на домашна адреса.


Сивилото на среброто, неговата моќ и скапоценост доминира целосно во приказните раскажани од Kotev Ksenija design.



________
________


За себе велам…


Мојот фокус секогаш е насочен кон конпемплација на нови дизајнерски решенија со естета на сонувач.


Зад себе носам…


Приказни на искуство и себе запознавање преведени на јазикот кој го говорам со сета моја душа и тело а тоа е изработка на парче накит.




Пред себе гледам…


Импулс за создавање накит. Чувството за мирис, допирот, формата ке исплетат нови етапи кои неуморно ќе ви ги презентирам.




Од себе давам…


Љубов и посветеност.




Кај себе имам…


Буден живот и рафиниран стил.






ПРОДАВНИЦА: КОТЕВ КСЕНИЈА
КУПИ ДИЗАЈН // ПОДАРИ ДИЗАЈН

КОН ПРОДАВНИЦА

Скала Магазин е прва студентска платформа за дизајн и современа уметност, отворена за промоција на домашните млади креативци, поврзување на студентите и независните артисти со организациите и компаниите, како и следење и поддржување на културните настани и сцена.

ПОВЕЌЕ ОД АВТОРОТ