• Немате производи во кошничката.
TOP

ВО СКАЛА ПРОДАВНИЦА СО SEDDUM



Секој четврток во СКАЛА ПРОДАВНИЦА, во соработка со FWSK x ONLYAFEW, претставуваме по еден дизајнер и бренд кој ја популаризира свесната и одржлива мода.

Со пар кликови секој може да порача дизајнерско парче и за помалку од седум работни дена истото ќе биде доставено на домашна адреса.


„Седум“ (Seddum) е бренд што се стреми да ја пронајде хармонијата во сите нас.
„Седум“ (Seddum) се обидува да изгради различен пристап на модниот дизајн во сите засегнати процеси.





________
________



За себе велам…


Само сакам да направам добар дизајн и во просецот да вклучам што повеќе луѓе со истите вредности.




Зад себе носам…


Образование од Националната академија за уметност во Софија, Бугарија. Додека бев на Академијата ја промовирав својата прва официјална колекција „Нон-персона“ (Non-Persona) во „Кјуб шоурум“ (Cube Showroom), која ми помогна да сфатам до каде сум и во кој правец сакам да се развивам. Изминативе години имав можност одблизу да се запознаам со раскошот на модниот дизајн, бидејќи, како и киното, модниот дизајн ги спојува сите видови уметност и може да создаде цел еден свет што би ги променил луѓето на подобро.





Пред себе гледам…


Светла иднина со значајни проекти и мода што ги менува луѓето на подобро.





Од себе давам…

Своето време, најдрагоценото нешто што го поседувам.





Кај себе имам…

Страст за она што секојдневно ме исполнува.






ПРОДАВНИЦА: SEDDUM
КУПИ ДИЗАЈН // ПОДАРИ ДИЗАЈН

КОН ПРОДАВНИЦА

Скала Магазин е прва студентска платформа за дизајн и современа уметност, отворена за промоција на домашните млади креативци, поврзување на студентите и независните артисти со организациите и компаниите, како и следење и поддржување на културните настани и сцена.

ПОВЕЌЕ ОД АВТОРОТ