• Немате производи во кошничката.
TOP

ВО СКАЛА ПРОДАВНИЦА СО СТЕФАНИЈА НАСЕСКА



Секој четврток во СКАЛА ПРОДАВНИЦА, во соработка со FWSK x ONLYAFEW, претставуваме по еден дизајнер и бренд кој ја популаризира свесната и одржлива мода.

Со пар кликови секој може да порача дизајнерско парче и за помалку од седум работни дена истото ќе биде доставено на домашна адреса.


Бренд кој се стреми секогаш да биде во чекор со времето и трендовите, уникатен и достапен за клиентите. Бренд преку кои ги промовирам вредностите. Во овој момент мојот бренд = моето лице. Тоа што сум јас, тоа е и мојот бренд.



________
________



За себе велам…


Дека сум премногу самокритична , борбена и решителна, но и храбра да превземам ризици за доброто на мојот бренд.


Зад себе носам…


Добра едукација и еден тон искуство, многу грешки и уште повеќе успеси.




Пред себе гледам…


Долги стази за искачување и многу врвови за освојување.




Од себе давам…


Внимание и љубов, а дел од мојата душа е во секое изработено парче.




Кај себе имам…


Среќа и безброј задоволни клиенти и насмевки.






ПРОДАВНИЦА: СТЕФАНИЈА НАСЕСКА
КУПИ ДИЗАЈН // ПОДАРИ ДИЗАЈН

КОН ПРОДАВНИЦА

Скала Магазин е прва студентска платформа за дизајн и современа уметност, отворена за промоција на домашните млади креативци, поврзување на студентите и независните артисти со организациите и компаниите, како и следење и поддржување на културните настани и сцена.

ПОВЕЌЕ ОД АВТОРОТ