• Немате производи во кошничката.

ВО СКАЛА ПРОДАВНИЦА СО ИРИНА ТОШЕВА



Секој четврток во СКАЛА ПРОДАВНИЦА, во соработка со FWSK x ONLYAFEW, претставуваме по еден дизајнер и бренд кој ја популаризира свесната и одржлива мода.

Со пар кликови секој може да порача дизајнерско парче и за помалку од седум работни дена истото ќе биде доставено на домашна адреса.



________
________


За себе велам…


Дека сум неуморен сонувач и голем работник. Помалку зборување, повеќе делување.


Зад себе носам…


Големо искуство во најразлични модни проекти со едукативен, еколошки и социјален карактер. Благодарение на модата „поместив планини и поврзав долини“.




Пред себе гледам…


Големи планови и предизвици. Разиграна македонска модна сцена, поголема почит и желба за купување локални производи, (не)совршено одржлив живот во секој аспект и полни насмеани срца.




Од себе давам…


Максимум во сѐ што работам. Особено важна ми е професионалноста, точноста и посветеноста. Често размислувам и целам како преку она што го работам да влијаам на другите, пренесувајќи им одредени вредности и различни пораки.




Кај себе имам…


Прекрасна фамилија и љубимка, инспиративни пријатели, успешни соработници и задоволни клиенти, кои секојдневно ме мотивираат и инспирираат.






ПРОДАВНИЦА: ИРИНА ТОШЕВА
КУПИ ДИЗАЈН // ПОДАРИ ДИЗАЈН

КОН ПРОДАВНИЦА

Скала Магазин е прва студентска платформа за дизајн и современа уметност, отворена за промоција на домашните млади креативци, поврзување на студентите и независните артисти со организациите и компаниите, како и следење и поддржување на културните настани и сцена.

ПОВЕЌЕ ОД АВТОРОТ