• Немате производи во кошничката.
Мартин Анастасовски-Скала Магазин

ФЕЉТОН: Нова публика и нови медиуми [12] // Мартин Анастасовски

Овој месец, секој работен ден, во 16 продолженија го претставуваме нашиот прв фељтон на тема „Нова публика и нови медиуми“. 

На 15ти декември 2022, Скала магазин ја прошири својата цел на делување, преку отворена јавна расправа. Фокусот беше кон медиумите, новите форми на информирање, трансформативноста на медиумите, генерациските пресеци и промени...

Вкупно 15 новинари, културни работници и универзитетски професори ги споделија своите ставови и размислувања. Настанот беше исполнет со разговори, дилеми, потпрашања, кафе, чоколадни колачиња, хумор и квалитетна дискусија која ја модерираше Ана Голејшка Џикова.


Ана Голејшка Џикова: Прашањето се однесува на двајцата: Ја користите Спотифај-платформата конкретно за темите за коишто зборувавме. Ме интересира колку функционира платформата во однос на тоа дека младите ја познаваат и дали кога ги правите поткастите имате продукциски потешкотии? Како го доживувате целиот процес на создавање и што можеби ви е некаков проблем?


Мартин Анастасовски [Културен подкаст]: Сакав да направам рефлексија на Културниот поткаст. Темата е специфична и помладата публика нешто не се одважува да покаже интерес. Не велам дека нема прегледи, има интерес, но можеби очекувањата ни беа поразлични. На пример, луѓе од театарот, филмот, имаат желба да слушнат што имаат да кажат нивните колеги, што е ново во нивниот свет. Значи, добиваме внимание, а тоа што ми е мене важно за овој поткаст е дека врши одредена функција. Имаме повеќе од 20 изданија, има интересни интервјуа и рецензии на изложби, има репортажи коишто ќе продолжат да постојат на интернет, освен ако не се случи некоја катаклизма и престане да постои интернетот. (се смее). Тие ќе продолжат да си живеат и ако некому му затреба одредена информација или ќе дојде до уметник или изложба за кого постои поткаст и ќе може да го употреби како извор, да извади цитати итн.

Со професорот Вилиќ на пример, имавме искуство со преку 2 часа разговор и има слушатели кои ја сакаат таа ментална стимулација и слушаат долги поткасти. Кога го почнавме поткастот со Сара, почнав и свој поткаст којшто се вика „Збориме реално“, темите се различни и ова се некои лекции коишто ги научив од тоа искуство. Немам распоред, со соговорниците одиме спонтано. Овие иницијативи речиси секогаш зависат од личниот ентузијазам. Објавувам епизода и дозволувам органски да стигне до публиката. Некои епизоди имаат и по 1500 прегледи! Некогаш нивната функција е и да бидат интервентни. Имаше случај на силеџиство од страна на професорите во средно музичко училиште, па разговаравме со ученичка оттаму и добивме алтернативен медиум којшто добива своја важност. Патем, фала му на Бојан (Шашевски) кој беше прв гостин на поткастот. Со него отворивме тема што засега одредена група луѓе – така што поткастот создава слобода којашто не би се случила доколку истите соговорници би биле на телевизија. Сепак е различен медиум и тоа што го научив е дека има простор за подобрување и промоција, со налепници по јавни простори, таргетирање млади, на разни начини, во средни школи, било каде каде што ќе привлече внимание. Сметам дека е здраво да се води неформален разговор во општеството со луѓето, со инспирација и кауза, посветеност, инает. Сите овие елементи се важни и треба да се менуваме и да се стремиме кон влијаење позитивно кон оние кои ќе ги грабне профаната уметност или медиум. Исто така, не сум тотален песимист во врска со следбениците, кон она што го кажа Читачот – мислам дека кога новите генерации ќе се презаситат од новите медиуми (Тик Ток), тоа ќе се манифестира некако, можеби ќе дојде до имплозија на индивидуално ниво и корисникот ќе има потреба да се сврти кон нешто посталожено, поконтекстуално. Не е ништо загубено, треба да продолжиме да го правиме она коешто го правиме.



СКАЛА МАГАЗИН бр.2
КУПИ ПО ПРОМОТИВНА ЦЕНА

КОН ПРОДАВНИЦА

Учествуваа: Сребра Ѓорѓијевска [Умно.мк]; Тони Димков [Слободен печат]; Бојан Шашевски [Радио МОФ]; Русе Арсов [МКЦ]; Бранка Костиќ Марковиќ [Астрорум]; Сунчица Уневска [Филм+]; Небојша Вилиќ [УКИМ]; Крсто Златков [ИДТ - Скопје]; Славчо Темелковски [УСС УКИМ]; Петрула Вељановска [Македокс]; Слаѓана Вујошевиќ [ФДУ]; Александар Маџаровски [јутјуб: Читачот]; Сара + Мартин Анастасовски [подкаст: Културен подкаст]; Дејан Џолев [Скала.мк].


СЛЕДНО: ФЕЉТОН: Нова публика и нови медиуми [13] // Сребра Ѓорѓијевска

ПРЕТХОДНО: ФЕЉТОН: Нова публика и нови медиуми [11] // Славчо Темелковски


Концепт на фотографија: Rêve à Deux [Дејан Џолев + Антонио Станков]
Фотографија: Дејан Џолев, Антонио Станков, Стефани Караџовска

Скала Магазин е прва студентска платформа за дизајн и современа уметност, отворена за промоција на домашните млади креативци, поврзување на студентите и независните артисти со организациите и компаниите, како и следење и поддржување на културните настани и сцена.

ПОВЕЌЕ ОД АВТОРОТ