• Немате производи во кошничката.
Ruse Arsov-Skala-Magazine

ФЕЉТОН: Нова публика и нови медиуми [3] // Русе Арсов

Овој месец, секој работен ден, во 16 продолженија го претставуваме нашиот прв фељтон на тема „Нова публика и нови медиуми“. 

На 15ти декември 2022, Скала магазин ја прошири својата цел на делување, преку отворена јавна расправа. Фокусот беше кон медиумите, новите форми на информирање, трансформативноста на медиумите, генерациските пресеци и промени...

Вкупно 15 новинари, културни работници и универзитетски професори ги споделија своите ставови и размислувања. Настанот беше исполнет со разговори, дилеми, потпрашања, кафе, чоколадни колачиња, хумор и квалитетна дискусија која ја модерираше Ана Голејшка Џикова.


Ана Голејшка Џикова: Она што МКЦ го прави за градот и државава би рекла, е подвиг којшто поминал низ многу програмски и политички состојби. Не знам колку години точно си во МКЦ, можеш ти да ни кажеш – во поглед на дискусијава, нас нѐ интересира колку МКЦ како државна институција е или беше независен простор, т.е создавал на долг рок можности за идната публика/генерација и кое е твоето искуство во поглед на програмската публика?


Русе Арсов [МКЦ]: Одамна сум во МКЦ, од 1998, во различни форми. Од оркестар и театар, до сите други формати. Како што растеше МКЦ; така и јас. Во 2006 г., моето заминување од МКЦ беше од исклучиво политички програмски причини, на разидување со менаџментот, во однос на тоа како требаше да изгледа тој центар. А во 2010та бев поканет од друг директор кој пак сакаше да му помогнам програмски и да го обликуваме и промениме контекстот на МКЦ. Имаше интересна ситуација во којашто имав идеја да настапат активистичкиот хор, „Распеани Скопјани“. Тогаш требаше да објаснам дека нема политичка конотација мојата заложба.. И тоа беше борба, во тоа време. Но, еве во 2022 г., можам да кажам дека таа независна сцена го перцепира МКЦ како независен простор каде што може да се обрати за било што, бидејќи на крајот на краиштата, тоа е и работата на МКЦ. Иако сме локална установа, имаме национални фестивали, Синедејс и МОТ, а и фестивалот „Здраво Млади“. Овие клучни настани привлекуваат различна публика, овде не се само младите. Некогаш тоа ни е и проблем, како да ги комуницираме и промовираме сите тие настани, преку различни канали и медиуми до публиката. Но, главно онаа „карта“ на којашто играме е нашата програма. Е сега, проблем во МКЦ е тоа што ние сме сепак јавна установа и зависиме од правно-административните правила на нашата држава. Сме имале ситуации во коишто сме морале да одработиме одредени нешта, поради правила на јавната администрација. На пример, имаме промоција на МКЦ преку тендер – правила коишто можеби немаат никаква логика, а се постоечки. Имаме дебата и проблем периодов, бидејќи немаме задолжено лице за односи со јавност и социјални медиуми.

Од друга страна, тој човек, ако се вработи, ќе мора да остане – до кога? Постои таков парадокс, што тој ќе треба да остане таму до својата 64 година, до пензија. Јас и самиот кажав на еден состанок пред новата редакција, новата генерација – ако имаме над 40 години и уште сме во МКЦ, треба да се преиспитаме. А еве – имам 43 години и уште сум во МКЦ… Младите се оние што треба да нѐ наследат.



СКАЛА МАГАЗИН бр.2
КУПИ ПО ПРОМОТИВНА ЦЕНА

КОН ПРОДАВНИЦА

Учествуваа: Сребра Ѓорѓијевска [Умно.мк]; Тони Димков [Слободен печат]; Бојан Шашевски [Радио МОФ]; Русе Арсов [МКЦ]; Бранка Костиќ Марковиќ [Астрорум]; Сунчица Уневска [Филм+]; Небојша Вилиќ [УКИМ]; Крсто Златков [ИДТ - Скопје]; Славчо Темелковски [УСС УКИМ]; Петрула Вељановска [Македокс]; Слаѓана Вујошевиќ [ФДУ]; Александар Маџаровски [јутјуб: Читачот]; Сара + Мартин Анастасовски [подкаст: Културен подкаст]; Дејан Џолев [Скала.мк].


СЛЕДНО: ФЕЉТОН: Нова публика и нови медиуми [4] // Петрула Вељановска

ПРЕТХОДНО: ФЕЉТОН: Нова публика и нови медиуми [2] // Бранка Костиќ Марковиќ


Концепт на фотографија: Rêve à Deux [Дејан Џолев + Антонио Станков]
Фотографија: Дејан Џолев, Антонио Станков, Стефани Караџовска

Скала Магазин е прва студентска платформа за дизајн и современа уметност, отворена за промоција на домашните млади креативци, поврзување на студентите и независните артисти со организациите и компаниите, како и следење и поддржување на културните настани и сцена.

ПОВЕЌЕ ОД АВТОРОТ