• Немате производи во кошничката.
TOP

КУЛТУРАТА БЕШЕ ПРОПАГАНДА!


Речивиот уметник говори за уметноста и културата во пандемична Европа


Милан Мијалковиќ, австриско-македонски архитект, писател и уметник, постојано ја приспособува стилската алатка на говорот како форма на уметноста за да ги разјасни социјалните конфликти и тековните проблеми. „Не ни е потребна културата!“ – под овој наслов, речивиот уметник го зема предвид општеството коешто едноставно ги исклучи своите уметности пред короната. Истовремено, го предупредува културниот естаблишмент да заборави на старите културни аспирации исполнети со произволност. Најмалку што бара Мијалковиќ е културна револуција и ново соочување со непознатото.



Културниот естаблишмент и културните работници во криза


Уметниците како Милан Мијалковиќ фон Македониен, не можеа да најдат вистинска сцена во пролетта 2020 година. Културната сцена во Австрија, но и низ сета Европа е затворена. Скоро сè е затворено од страна на владите, без да се праша народот – кој требаше да управува и да ја одредува демократијата. Ниту пак, се постави прашањето што е тоа што е сега неопходно, што треба да се дозволи да остане отворено и живо?! Да го прашаа народот, сигурно ќе одговораше: супермаркетите.

Мијалковиќ направи неопходна доблест и на почетокот на април 2020 година го претвори во бина тротоарот пред австриската продавница „Била“. Токму таму, го одржа својот бунтовен говор што го испрати во новиот свет преку каналот којшто е секогаш и деноноќно отворен и покрај сите вируси: Јутјуб.





Културата беше пропаганда!


Со оваа изјава, Милан Мијалковиќ поставува ран извичник во својата нова изведба. За разлика од „Демократскиот говор“, уметникот овде испраќа зборови и одекнува до публиката. Се чини дека одеците се единствената соодветна работа во поглед на неодамнешните случувања. Сè стана безкултурно преку ноќ. Светот на културата што лесно може да се исклучи, потисне и заборави, никогаш не може да има вистинска културна содржина или вредност, ја искажува својата критика Мијалковиќ. Тој тоа го нарекува измама, лукавство, пропаганда и лакомост. За уметникот, културниот естаблишмент неодамна се претвори во потрошувачко добро од коешто брзо се одрекуваме кога останатите работи изгледаат попотребни. За Милан Мијалковиќ културата беше само произволна, позната и затоа, разменлива и потрошна. Според него, културата не ја исполнила вистинската и подлабока идеја за тоа што претставува културата. Во суштина беше „безкултурна“, бидејќи повеќе не го апсорбираше, толкуваше и обработуваше туѓото и непознатото. Дали сега Мијалковиќ повикува на културно преориентирање што ја преиспитува културната суштина и нејзините корени? За уметникот, стремежот кон културата водеше во сосема погрешен правец и сега тоа доведе да културниот свет да го снема, да се складира во ниша – во дигиталната култура, во Kulturdigital. Во дигиталниот свет, каде што ретко кој слуша или гледа и каде вниманието на поголемата публика може да се добие само доколку уметниците се прилагодат и станат заменливи и прилагодливи.



Милан Мијаловиќ е роден во Скопје во 1982 година. Студирал архитектура во Скопје и Виена. Мијалковиќ ги локализира разгорените или латентни конфликти во рамките на одредено опкружување и работите со нив на продуктивен начин. Целта на неговата критичка пракса е да отвори други простори на перцепција.

ПОВЕЌЕ ОД АВТОРОТ