SKALA MAGAZINE #XXIII
1 – 30 ЈУНИ
[целата агенда подолу во написот]
Добро утро креативци! Овој месец јули ќе се обидеме да го разладиме со следната програма на нашата телевизија… Ок, ајде сега озбилно, само да не претераме. 1. ПОСВЕТЕНО НА: СТЕФАН СИДОВСКИ - СИДО Последната моја средба со проф. Сидо се случи на симболичен ден - десетти јуни (2019), се распуштија учениците, а се распуштивме и ние на подолго, барем сега засега. Тој не го сакаше зборот „смрт“, не дека се плашеше од смртта, туку само имаше подобар термин, „замина од овој свет“, што само по себе контекстот на ова би бил дека тука сме само привремено. Сидо од овој свет замина две недели по тој десетти јуни (според неговиот последен запис - а пишуваше секој ден), додека за неговото заминување дознавме на четврти јули, па токму во негова чест, овој месец Скала магазин ќе го посвети на нашиот голем учител - Стефан Сидовски - Сидо, философ, професор, филмски теоретичар, автор - аматер, другар… - две години, а сѐ уште помислувам дека ќе те сретнам на следната проекција. 2. МЕСЕЧНА ТЕМА: СЛОБОДА „Не е проблем да се предава за слободата, проблем е како да бидеме слободни!“ - така зборуваше Сидо. Овој месец, во негова чест ќе зборуваме на оваа тема од различни појдовни точки, со Ѓоко Здравевски, Ана Јакимска, Теа Беговска, Слободан Велевски, Кристина Крагујевска. Илустраторите ќе илустрираат, фотографите исто така ќе се инспирираат од оваа утописка категорија. 3. НАСЛОВНА СТРАНА: АНА ЈАКИМСКА Квадратот на голем ќеиф го доделуваме на Ана Јакимска (сценаристка, режисерка, фотографка). Додека фотографијата ја изработи Мартина Пенева. На 12 јули ќе биде објавен разговорот којшто ќе започне со максимата „Најстрого се забранува разместување на инвентарот“, додека подоцна во разговорот ќе пробуричкаме во забранетите фиоки во образованието, филмот, културата, животот. 4. ДОБРО УТРО: КРЕАТИВЦИ Од име на целата Скала банда, ви посакуваме „добро утро“, месец ослободен од потиснување на мислата и зборот, смрт на цензурата, слобода на умот и творештвото! Ви посакуваме никогаш да не престанете да го поместувате инвертарот, оти што друго ни преостанува?
Ваш, Дејан Џолев главен бандит на цела Скала банда, поместувач на инвентар и бела техника.
1 – 31 ЈУЛИ
ЧЕТВРТОК • 01.07.2021
12:00 / Насловна бр. XXIII
ПЕТОК • 02.06.2021
/
— —
ПОНЕДЕЛНИК • 05.07.2021
12:00 / Мисли за слободна заедница на слободни суштества / Стефан Сидовски – Сидо / Философија
ВТОРНИК • 06.07.2021
12:00 / Неделен културен информатор / Настани
СРЕДА • 07.07.2021
12:00 / Менторски осврт / Тема: Слобода / Теа Беговска / Театар
ЧЕТВРТОК • 08.07.2021
12:00 / На скалички со Деница Стојкоска / Сликарство
ПЕТОК • 09.07.2021
12:00 / Писмо од дијаспората / Лилика Стрезоска / Фотографија
12:00 / ТВ СКАЛА [во живо]
— —
ПОНЕДЕЛНИК • 12.07.2021
12:00 / Интервју / Разговор со Ана Јакимска / Филм + Образование
ВТОРНИК • 13.07.2021
12:00 / Неделен културен информатор / Настани
СРЕДА • 14.07.2021
12:00 / Менторски осврт / Тема: Слобода / Слободан Велевски / Урбанизам
ЧЕТВРТОК • 15.07.2021
12:00 / На скалички со Нина Елзесер / Актерство
ПЕТОК • 16.07.2021
12:00 / ТВ СКАЛА [во живо]
— —
ПОНЕДЕЛНИК • 19.07.2021
12:00 / Интервју / Разговор со Петар Павлов / Креативни индустрии
ВТОРНИК • 20.07.2021
12:00 / Неделен културен информатор / Настани
СРЕДА • 21.07.2021
12:00 / Менторски осврт / Тема: Слобода / Ѓоко Здравевски / Философија
ЧЕТВРТОК • 22.07.2021
12:00 / На скалички со Христина Ѓорѓиевска / Сликарство
ПЕТОК • 23.07.2021
12:00 / ТВ СКАЛА [во живо]
— —
ПОНЕДЕЛНИК • 26.07.2021
12:00 / Галерија / Фото-есеј на тема: Слобода / Антонио Станков и Дејан Џолев / Фотографија
ВТОРНИК • 27.07.2021
12:00 / Неделен културен информатор / Настани
СРЕДА • 28.07.2021
12:00 / Менторски осврт / Тема: Слобода / Кристина Крагујевска / Интелектуална сопственост
ЧЕТВРТОК • 29.07.2021
12:00 / На скалички со Мартин Николоски / Продукт дизајн
ПЕТОК • 30.07.2021
12:00 / Галерија / Илустрации на тема: Слобода / Андреј Павлов, Деница Стојкоска, Стефан Танков, Ива Јованова / Илустрација
— —
* Сите содржини [написи] ќе бидат објавени и линкувани во закажаниот термин.
* Во текот на месецот дополнително ќе бидат објавени написи кои не се најавени во рамки на насловните информации.
НАСЛОВНА СТРАНА
ЛИЦЕ: Ана Јакимска
ФОТОГРАФИЈА: Мартина Пенева
ДИГИТАЛНА ОБРАБОТКА: Мартина Пенева и Антонио Станков
РЕДАКЦИЈА
ГЛАВЕН И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК: Дејан Џолев
УРЕДНИК НА ПИШУВАЧКИ ОДДЕЛ: Елена Божиновска
УРЕДНИК НА ФОТОГРАФИЈА: Антонио Станков
УРЕДНИК НА ДИЗАЈН: Андреј Павлов
ТВ УРЕДНИК: Аника Чорбеска
ДЕВЕЛОПЕР: Георгиј Голабоски
ЛЕКТОР: Николче Јакимовски
ФИНАНСИСКИ И ПРАВНИ РАБОТИ:
Оливера Матакова
Кристина Крагујевска
[цела редакција – прочитај тука]