SKALA MAGAZINE #XXIV
1 – 31 АВГУСТ
[целата агенда подолу во написот]
Добро утро креативци! Месец август е резервиран за фестивали, концерти, културни настани… Затоа редовната агенда ќе ја промениме со импресионистички вести од терен. Ќе патуваме и сè што мислиме дека е важно да се обележи, јавно ќе го споделиме со Вас. Нашата редакција веќе е присутна во Охрид, Струга, Дојран, Галичник, Скопје… подготвена да ги лови највпечатливите настани и луѓе. 1. МЕСЕЧНА ТЕМА: ПРОМЕНИ Август е месец за промени! Пред сè и најважно ќе ја промениме нашата физичка присутност. Време е за патување на езеро, планина, време е за на море! Ќе ги промениме навиките на будење и навиките на легнување. Ќе ја промениме гардеробата, од маска до обувки. Овој месец на Скала ќе зборуваме за промени, без стандардни рубрики, значи, и во променет формат. Темата на месецот е „Промени“, затоа што и Скала се менува! 2. НА НАСЛОВНА СТРАНА: СИТЕ НИЕ Од редовните фотографски насловни страни, се одлучивме за малку промена. Нашиот уредник за дизајн, Андреј Павлов, се одлучи за илустративно решение кое претставува стилизација на личност со отворено срце за промени - таа личност си ти! Природно за човекот и за цивилизацијата е потребата од постојано менување, потребата за промени и напредок. Овој месец на насловна сме сите ние. 3. ПРОМЕНИ: НА СКАЛИЧКИ СО… Традиционално, секој месец однапред ги најавуваме артистите кои ќе се претстават во оваа рубрика, но овој месец на промени, одлучивме да нè води спонтаноста. Една од многуте позитивни последици од нашето присуство на фестивалите е тоа што ќе запознаеме нови другари и другарки - можеби ќе се запознаеме токму со тебе! Со секој што ќе ни остави впечаток ќе си помуабетиме и ќе го фотографираме на истото место. Бидете внимателни, нашата екипа се впушта во „сафари“! 4. НОВО: ПОДКАСТИ / ВИДКАСТИ Овој август е значаен и од стратешки аспект кон иднината. Скала од следниот месец ќе ја промени својата форма, или подобро кажано, ќе додаде нови вредности, и тоа, аудио/видео подкасти. Успеавме да обезбедиме комплетна аудио-опрема со поддршка на „Democracy Lab Tetovo“ и „ISD“. Во редакција сме возбудени и едвај чекаме да вклучиме „фрекфенција“. Овој месец е резервиран за експериментирање на терен, но и во студио. 5. ДОБРО УТРО: КРЕАТИВЦИ Драги скалаџии. Одете на журки, концерти, море, езеро, планина... Слушајте добра музика, читајте повеќе книги, водете љубов и не седете на цименто, купете си Скала-печатено издание и седете на неа. Добро утро на сите.
Ваш, Дејан Џолев главен бандит на цела Скала банда.
1 – 31 АВГУСТ
ВТОРНИК • 03.08.2021
12:00 / Насловна бр. XXIV
13:00/ Неделен културен информатор / Настани
СРЕДА • 04.08.2021
/
ЧЕТВРТОК • 05.08.2021
/
ПЕТОК • 06.08.2021
/
— —
ПОНЕДЕЛНИК • 09.08.2021
/
ВТОРНИК • 10.08.2021
12:00 / Неделен културен информатор / Настани
СРЕДА • 11.08.2021
/
ЧЕТВРТОК • 12.08.2021
/
ПЕТОК • 13.08.2021
/
— —
ПОНЕДЕЛНИК • 16.08.2021
[ден за програма]
ВТОРНИК • 17.08.2021
12:00 / Неделен културен информатор / Настани
СРЕДА • 18.08.2021
[ден за програма]
ЧЕТВРТОК • 19.08.2021
[ден за програма]
ПЕТОК • 20.08.2021
[ден за програма]
— —
ПОНЕДЕЛНИК • 23.08.2021
[ден за програма]
ВТОРНИК • 24.08.2021
12:00 / Неделен културен информатор / Настани
СРЕДА • 25.08.2021
[ден за програма]
ЧЕТВРТОК • 26.08.2021
[ден за програма]
ПЕТОК • 27.08.2021
[ден за програма]
— —
ПОНЕДЕЛНИК • 30.08.2021
[ден за програма]
ВТОРНИК • 31.08.2021
12:00 / Неделен културен информатор / Настани
— —
* [ден за програма] е ден во кој ќе објавиме содржина [напис]. Содржината ја разоткрива екипата на терен.
* Сите содржини [написи] ќе бидат објавени и линкувани во закажаниот термин.
НАСЛОВНА СТРАНА
ЛИЦЕ: Сите ние!
ИЛУСТРАЦИЈА: Андреј Павлов
РЕДАКЦИЈА
ГЛАВЕН И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК: Дејан Џолев
УРЕДНИК НА ПИШУВАЧКИ ОДДЕЛ: Елена Божиновска
УРЕДНИК НА ФОТОГРАФИЈА: Антонио Станков
УРЕДНИК НА ДИЗАЈН: Андреј Павлов
ТВ УРЕДНИК: Аника Чорбеска
ДЕВЕЛОПЕР: Георгиј Голабоски
ЛЕКТОР: Николче Јакимовски
ФИНАНСИСКИ И ПРАВНИ РАБОТИ:
Оливера Матакова
Кристина Крагујевска
[цела редакција – прочитај тука]