SKALA MAGAZINE #XXV
1 – 30 СЕПТЕМВРИ
[целата агенда e подолу во написот]
Добро утро креативци! Денес е први септември, ден за будење. Летото е веќе спомен! Мeнтално и физички сме подготвени за нови знаења, нови предизвици. Врзувајте патики - да газиме! 1. МЕСЕЧНА ТЕМА: ПАТЕРН // РАЗМИСЛИ ЗА СТЕРЕОТИПИТЕ Ние, Скалаџии, еднаш месечно, се собираме цела банда на редакциски состанок. Заедно ги утврдуваме рубриките и програмата, месечниот визуелен идентитет, гостите… кои пред се проникнуваат од месечната тема. Овој месец ќе зборуваме за еден патерн којшто постојано се провлекува во нашето општество, но и генерално низ цивилизацијата, а тоа е потребата за групирање, а притоа раѓајќи го проблемот на стереотипизација, поле за поделби или, уште подобро - конфликти. Ката-ден сме сведоци на стереотипи врз база на: физичко, интелектуално, културолошко, идеолошко, родово, сексуално, верско, национално, расно... групирање, а со тоа и делење. Вакцинирани - Невакцинирани. Моите први спомени за стереотипизација било физичкото. Имиџот во раните тинејџерски години којшто ме разликуваше од „стандардот“, секогаш беше вербална мета, понекогаш и физичка, од страна на група адолесценти. За време на средното образование, овој стереотип полека се губеше, всушност во тоа време, имиџот беше потребен за да се преживее (рапери, трансери, металци, шминкери, бубалици…), а токму „обичните“ беа мета, затоа што не припаѓаа. Но, во овој период, како дете од северот на градот, ја преживував националната разлика, каде што повторно бев сведок и учесник на физички напади (најчесто во автобуси) токму поради оваа „разлика“. Малку подоцна, за време на моите први професионални активности, почувствував нов стереотип, а тоа е мојата возраст, нешто за коешто многу малку се зборува, „ти ли мене ќе ми кажуваш“, беа зборови што постојано ги читав меѓу редови од моите постари колеги, без разлика што мојата работна позиција била таква - да кажувам! Но, отпорот кај повозрасните колеги секогаш беше интензивен. А кој ли знае за што сѐ јас сум правел погрешни проценки и поделби врз база на овој општествен патерн, всаден во нашите кревки умови, најчесто креиран од старите и новите медиуми, коишто непрекинато зрачат со старите и нови лаги. На последниот состанок со Скала банда, зборувавме за личните искуства на оваа тема и одлучивме овој месец да го посветиме на стереотипите. Сѐ што ќе се пишува, фотографира, илустрира овој месец, ќе гравитира околу овој општествен вирус. 2. НА НАСЛОВНА СТРАНА: ДОРОТИ ПАЧКОВА Дороти Пачкова е академска сликарка и активен борец за родова еднаквост и права на жените. Таа е основачка на невладина организација „Една може!“ и управителка на социјална компанија „Една прави“. Токму членовите на овие организации, (меѓу кои и нашата пишувачка уредничка Елена Божиновска) изминатата недела реагираа на одземената можност на студентите од самохрани и еднородителски семејства да плаќаат пониска партиципација, по што Студентската правобранителка и Универзитетското студентско собрание го пренесоа проблемот до надлежните на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, и тие го корегираа пропустот. Токму поради оваа причина, овој месец, Скала ја посветуваме на оваа победа! 3. ОТВОРЕН СКАЛА КОНКУРС + ФИЗИЧКА ИЗЛОЖБА Креативци! Следните три месеци, со поддршка од Демокраси Лаб, Скала магазин ќе ги повика сите млади визуелни уметници (до 35 години) да творат на зададени теми. Најдобрите 10 решенија ќе бидат јавно претставени и изложени (печатени, врамени - сѐ како што треба) во галериски простор. Одлична можност да се дружиме, запознаеме и, уште поважно, да зборуваме за темите на денешницата, темите коишто ја креираат иднината! Првиот конкурс официјално ќе биде најавен на 2 септември. Мераци! 4. ДОБРО УТРО: КРЕАТИВЦИ Драги скалаџии. Надвор е веќе утро. Туш, доручек, патики и добри мисли. Купете си Скала-печатено издание - сите тајни на овој универзум се запишани таму. Добро утро на сите.
Ваш, Дејан Џолев главен бандит на цела Скала банда.
1 – 30 СЕПТЕМВРИ
СРЕДА • 01.09.2021
12:00 / Насловна бр. XXV
18:00 / Импресии / Здраво Млади / Музика
ЧЕТВРТОК • 02.09.2021
12:00 / Отворен Скала конкурс / Тема: [Патерн] Визуелни размисли за стереотипите
ПЕТОК • 03.09.2021
10:00 / Настан / БОШ фестивал / Современа уметност
12:00 / Настан / Theater European Alternatives / Театар
— —
ПОНЕДЕЛНИК • 06.09.2021
18:00 / Настан / Oтворен ден: ИДТ – Скопје / Образование
ВТОРНИК • 07.09.2021
12:00 / Неделен културен информатор / Настани
СРЕДА • 08.09.2021
12:00 / Импресии / БОШ фестивал / Современа уметност
ЧЕТВРТОК • 09.09.2021
12:00 / На скалички со… / Бојан Ковски / Боди-арт
ПЕТОК • 10.09.2021
12:00 / ТВ / На бојата, на бојата… #002
— —
ПОНЕДЕЛНИК • 13.09.2021
12:00 / Импресии / Skopje Poetry Festival / Современа уметност
ВТОРНИК • 14.09.2021
12:00 / Неделен културен информатор / Настани/ 12:00 / Импресии / Скопје Лајт Арт Дистрикт / Современа уметност
СРЕДА • 15.09.2021
12:00 / Разговор со… / Теа Беговска / Театар
ЧЕТВРТОК • 16.09.2021
12:00 / На скалички со… / Теано Кардула / Илустрација
ПЕТОК • 17.09.2021
12:00 / Импресии / Theater European Alternatives / Театар
САБОТА • 18.09.2021
12:00 / Импресии / Theater European Alternatives / Театар
НЕДЕЛА • 19.09.2021
12:00 / Импресии / Theater European Alternatives / Театар
— —
ПОНЕДЕЛНИК • 20.09.2021
12:00 / Импресии / Theater European Alternatives / Театар
ВТОРНИК • 21.09.2021
12:00 / Неделен културен информатор / Настани
14:00 / Импресии / Theater European Alternatives / Театар
СРЕДА • 22.09.2021
12:00 / Менторски осврт / Размисли за стереотипите / Дороти Пачкова / Општество
14:00 / Импресии / Theater European Alternatives / Театар
ЧЕТВРТОК • 23.09.2021
12:00 / На скалички со… / Дина Дума / Филм
14:00 / Импресии / Theater European Alternatives / Театар
ПЕТОК • 24.09.2021
/
САБОТА • 24.09.2021
12:00 / ТВ / Дијалошки сесии / Ангела Банчотова + Давор Кешќец / Стереотипи
— —
ПОНЕДЕЛНИК • 27.09.2021
/
ВТОРНИК • 28.09.2021
12:00 / Неделен културен информатор / Настани
СРЕДА • 29.09.2021
12:00 / Писмо од дијаспората / Симон Калајџиев / Токио / Фотографија
ЧЕТВРТОК • 30.09.2021
/
— —
* Сите содржини [написи] ќе бидат објавени и линкувани во закажаниот термин.
* Овој месец е поддржан од Democracy Lab. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на авторите, и не ги одразуваат оние на Демокраси Лаб.
НАСЛОВНА СТРАНА
ЛИЦЕ: Дороти Пачкова
ФОТОГРАФИЈА: Антонио Станков
РЕДАКЦИЈА
ГЛАВЕН И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК: Дејан Џолев
УРЕДНИК НА ПИШУВАЧКИ ОДДЕЛ: Елена Божиновска
УРЕДНИК НА ФОТОГРАФИЈА: Антонио Станков
УРЕДНИК НА ДИЗАЈН: Андреј Павлов
ТВ УРЕДНИК: Аника Чорбеска
ДЕВЕЛОПЕР: Георгиј Голабоски
ЛЕКТОР: Николче Јакимовски
ФИНАНСИСКИ И ПРАВНИ РАБОТИ:
Оливера Матакова
Кристина Крагујевска
[цела редакција – прочитај тука]