SKALA MAGAZINE #XXVI
1 – 31 ОКТОМВРИ
[целата агенда e подолу во написот]
Добро утро креативци! Месец октомври го посветуваме на образованието и домот - нашата Школа за дизајн и уметност “Џолев и уметностите”, или уште подобро на студентите и нивната работа. 1. МЕСЕЧНА ТЕМА: БУДЕЊЕ Глаголот „будење“?! Транзиција или прекинување од состојба на спиење во јаве. Во преносно значење, „будење“ може да претставува и чувство на оживување… буди радост, на пример. Покрај физичкото и емотивното, метафорички, глаголот може да го употребиме и во интелектуален и духовен дискурс. Дали сме будни? Или, најсуштинското прашање, зошто сме тука? Дали јавето ни поминува во планирање на оној ден, кога навистина ќе бидеме будни?! Годовско чекање, апсурдно сонување за нашата будност. Креативци, време е за будење!? Ние скалаџии неуморно се трудиме да придонесеме кон вашето и нашето јаве. 2. ФОКУС НА: ОБРАЗОВАНИЕ Привилегија на неформалното образование е токму тоа, поради коешто е неформално, т.е незадолжително или, уште подобро, „алтернативно образование“. Предноста е во тоа што не постои легислатива којашто го обврзува на одредени нормативи во коишто е заплеткано формалното образование. Неформалните едукативни центри, во потребата да се истакнат пред конкуренцијата, започнаа дон-кихотовска битка, борење со ветерници коишто наликуваат на џинови со долги раце или, конкретно, започнаа да се формализираат „мафтајќи“ со решенија за сертифицирани програми, притоа заборавајќи на наставната програма, фондот на часови, менторскиот тим, организацискиот перформанс или, да заокружам, сѐ што треба алтернативното образование да понуди е знаење, искуство, пракса и врска помеѓу студентот и индустријата, а не дипломи! Toa треба да биде клучната разлика помеѓу формалното и неформалното. Патем, на кој приватен сектор му е важна вашата диплома?! Единствено важно е вашата култура, вашиот потенцијал за раст и вашето знаење! За ова, повеќе ќе пишувам во мојата месечна колумна, но не само јас, овој месец генерално е посветен на образованието, секој ден во секој напис. 3. НАСЛОВНА СТРАНА: ЏОЛЕВ И УМЕТНОСТИТЕ Преку Рафаеловата „Атинска школа“, оваа насловна ја посветуваме на „скопската“ школа Џолев и уметностите. Единаесет месеци во годината, овие студенти го посветуваат нивното време, нивното техничко, креативно и интелектуално знаење, за придонес кон креативната заедница, но еден месец (овој месец), ќе се свртиме и кон нив. Ќе разгледаме што сѐ создаваат дел од тековните студенти надвор од овој медиум. 4. ДОБРО УТРО: КРЕАТИВЦИ Драги скалаџии. Овој месец ќе имаме многу причини и прилики да се видиме физички, имаме неколку изложби и настани. Да се видиме! <3 P.S. Купете си Скала-печатено издание - сите тајни на овој универзум се запишани таму. Добро утро на сите.
Ваш, Дејан Џолев главен бандит на цела Скала банда.
1 – 31 OKTOМВРИ
ПОНЕДЕЛНИК • 04.10.2021
12:00 / Насловна бр. XXVI
ВТОРНИК • 05.10.2021
12:00 / Неделен културен информатор / Настани
СРЕДА • 06.10.2021
10:00 / Импресии / Моден Викенд Скопје / Моден дизајн
ЧЕТВРТОК • 07.10.2021
12:00 / На скалички со… / Теа Клинчарова / Моден дизајн
ПЕТОК • 08.10.2021
/
— —
ПОНЕДЕЛНИК • 11.10.2021
12:00 / На скалички со… / Ива Јованова / Визуелни уметности
ВТОРНИК • 12.10.2021
12:00 / Неделен културен информатор / Настани
СРЕДА • 13.10.2021
12:00 / Разговор со… / Белла / Моден дизајн
ЧЕТВРТОК • 14.10.2021
12:00 / На скалички со… / Стефан Танков / Графички дизајн
ПЕТОК • 15.10.2021
12:00 / ТВ / На бојата, на бојата: Марко Вилиќ, Марија Пејоска, Христина Пешевска / Уметност
12:00 / Разговор со… / Аника Чорбеска, Елена Божиновска, Христијан Богоески, Ана Иљоска, Марио Цветковски / Дизајн
САБОТА • 16.10.2021
19:00 / СКАЛА ИЗЛОЖБА / Патерн: Визуелни размисли за стереотипите / КСП Центар – Јадро
— —
ПОНЕДЕЛНИК • 18.10.2021
12:00 / Импресии / Студентска изложба: Будење / Дизајн
ВТОРНИК • 19.10.2021
12:00 / Неделен културен информатор / Настани
СРЕДА • 20.10.2021
12:00 / Менторски осверт / Дејан Џолев / Образование
ЧЕТВРТОК • 21.10.2021
12:00 / На скалички со… / Стефан Танков / Графички дизајн
ПЕТОК • 22.10.2021
08:00 / ТВ / ПОДКАСТ: Будење / Дејан Џолев со…
САБОТА • 23.10.2021
12:00 / ТВ / Дијалошки сесии / Марко Вилиќ и Андреј Павлов
— —
ПОНЕДЕЛНИК • 25.10.2021
12:00 / ТВ / На бојата, на бојата: Верица Наковска, Ана Иљоска, Андреј Игњатовски / Уметност
ВТОРНИК • 26.10.2021
12:00 / Неделен културен информатор / Настани
СРЕДА • 27.10.2021
12:00 / Писмо од дизајпората / Јанаки Златев / Париз
ЧЕТВРТОК • 28.10.2021
12:00 / На скалички со… / Христина Пешевска / Ентериер дизајн
ПЕТОК • 29.10.2021
08:00 / ТВ / ПОДКАСТ: Будење / Дејан Џолев со…
— —
* Сите содржини [написи] ќе бидат објавени и линкувани во закажаниот термин.
* Овој месец е поддржан од Democracy Lab. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на авторите, и не ги одразуваат оние на Демокраси Лаб.
НАСЛОВНА СТРАНА
ЛИЦЕ: Џолев и уметностите – школа за дизајн и уметност [дел од активните студенти кои се вклучени во платформата „Скала магазин“]
ФОТОГРАФИЈА: Антонио Станков
КОНЦЕПТ И МОНТАЖА: Дејан Џолев
РЕДАКЦИЈА
ГЛАВЕН И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК: Дејан Џолев
УРЕДНИК НА ПИШУВАЧКИ ОДДЕЛ: Елена Божиновска
УРЕДНИК НА ФОТОГРАФИЈА: Антонио Станков
УРЕДНИК НА ДИЗАЈН: Андреј Павлов
ТВ УРЕДНИК: Аника Чорбеска
ДЕВЕЛОПЕР: Георгиј Голабоски
ЛЕКТОР: Николче Јакимовски
ФИНАНСИСКИ И ПРАВНИ РАБОТИ:
Оливера Матакова
Кристина Крагујевска
[цела редакција – прочитај тука]