• Немате производи во кошничката.

СКАЛА ПОД ЧАДОР // Издвојуваме: 10 „На скалички со“ реализирани во временски период од 2020/22.


Цел август ви споделуваме популарни објави, кои можеби сте ги пропуштиле.

Издвојуваме: 10 „На скалички со“ реализирани во временски период од 2020/22.


ДУШАН СТЕФАНОВСКИ
СЛИКАРСТВО + ГРАФИКА

Секое ново искуство и секој нов експеримент кои ги имам со: боја, форма, композиција ми помага да го усовршам она кон што целам.
Кога истражувам не толку типични начини на креирање една слика, секое ново откритие за творештвото поврзано со мојот медиум е добро искуство и ме инспирира.





МАРТИНА ПЕНЕВА
ФОТОГРАФИЈА

Свеста за њуд-фотографија во нашата земја е можеби на доста ниско ниво, но сепак не можам да кажам дека сосема ја нема. За среќа, сè повеќе се активираме на тоа поле како во фотографијата, така и преку другите медиуми. Културолошката свест отсекогаш била поделена, но сепак не треба да останеме на тоа. 





НИНА ЕЛЗЕСЕР
ТЕАТАР

Голема инспирација ми се и моите колеги. Партнерите се најважни. Јас имав среќа да работам со колеги кои несебично даваат и го почитуваат сечиј труд. Сметам дека само во таква средина заедништвото може да роди добар краен продукт. 





ТЕАНО КАРДУЛА
ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН

 Проблемите се решаваат од корен, па така и стереотипизацијата се елиминира од детството. Инспирација ми беше токму првиот „допир” со стереотипите, а тоа е од детските играчки. Мислам дека секој од нас се сретнал со сино за момчињата, розево за девојчињата, па срамота е девојче многу да зборува, момчињата не смеат да си играат со кукли и слично и што е најтажно дури и од обични играчки  се дефинирааат родовите улоги.





ЈОВАН ЈОСИФОВСКИ
КОЛАЖ И ГРАФИКА

Колажот е најзастапен во моите дела, затоа што дозволува да се изгради композиција којашто подоцна повторно може да се менува доколку гледам потреба, а ја гледам често. Процесот е секогаш различен, некогаш премногу размислувам и калкулирам и на крај завршувам со најужасни и најпатетични дела или илустрации, а пак некогаш е апсолутна спротивност…






ЈАСНА НИКОЛОВA
ФОТОГРАФИЈА + ДИЗАЈН

Скопскиот ритам е брз, виулица од дешавки, бои и мислам дека успеав тие мои импресии да ги доловам преку фотографиите/цртежите. „Кул Тура“ е во целост субјективно доживување и преку неговата креација ги покажав моите најдраги култни скопски местенца.
Скопје вибрира од култура. Културата се луѓето, продавниците, уметниците. Најмалите секојдневни ритуали за мене го дефинираат Скопје.






AЛЕКСАНДАР ЕФТИМОВСКИ
СКУЛПТУРА

 Убавината на каменот е во тоа што, на една веќе постоечка природна форма или облик, авторот, преку неколку интервенции, комплетно може да му го измени ликот и естетиката и секако да му вреже некаква мисла. За некои луѓе, овие форми се премногу класични и веќе видени во природата, но за мене изработката е голем предизвик, не само поради истрајноста и упорноста што овие материјали ја бараат од самиот автор, туку и поради можностите за ликовното искажување преку нивната текстура, несовршеност или совршеност.





ИВА ЈОВАНОВА
ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН

За мене втурнувањето во графичкиот дизајн мислам дека започна со колажирање на фотошоп и учење на програмата, како и за време на студирањето имав периоди кога сликав и можев да ја забележам разликата пред/потоа (факултет) во тоа задржување и на основни форми, а и полесно ми беше самото поставување на соодноси во нештата што ги цртав, како некоја пробудена интуиција за просторност на листот





АНДРЕЈ ПАВЛОВ
ФОТОГРАФИЈА

Сакав да направам еден интерактивен перформанс каде директно или индиректно на посетителите ќе им ја прикажам убавината и топлината што ја носат и сјае во нив. Секој од нас има уникатна искра во себе за која некогаш е потребно малку темнина и една едноставна сијаличка за да излезе на виделина.





АЛЕКСАНДАР ТОМОВСКИ
ФИЛМ + ФОТОГРАФИЈА

Љубовта кон фотографијата се буди во природата и планинските височини, па постепено се симнува и расте низ градските улици и доближува до секојдневието на луѓето, за постепено да се насочи во доловување на суштината на жената, која низ вековите ја дефинира уметноста и претставува вечна инспирација на уметниците.


Ти се смачи од стариот шифуњер дома и плафоњерките во тоалетот?  Започни ја твојата кариера од соништата и запиши се на Академијата за ентериер и продукт дизајн.

Скала Магазин е прва студентска платформа за дизајн и современа уметност, отворена за промоција на домашните млади креативци, поврзување на студентите и независните артисти со организациите и компаниите, како и следење и поддржување на културните настани и сцена.

ПОВЕЌЕ ОД АВТОРОТ