• Немате производи во кошничката.

СКАЛА ПОД ЧАДОР // Издвојуваме: 10 менторски есеи реализирани во временски период од 2020/22.


Цел август ви споделуваме популарни објави, кои можеби сте ги пропуштиле.

Издвојуваме: 10 менторски есеи реализирани во временски период од 2020/22.


ТОДОР СТОЈАНОВ
ОДРЖЛИВА МОДА, ПРЕДИЗВИК ИЛИ РЕАЛНОСТ // МОДЕН ДИЗАЈН

Пред да го купите следното парче на облека, запрашајте се дали навистина ви е потребно? Доколку „да”, дали можеби можете да искористите нешто што веќе го имате во својот гардеробер и да го редизајнирате на нов начин? Доколку „не” тогаш обидете се добро да се информирате што купувате и вложете во квалитетно парче направено на одржлив начин..





НЕБОЈША ВИЛИЌ
БЕСЦЕЛНОСТА НА ОД/БИЕНАЛЕТО 2021 // ЛИКОВНА УМЕТНОСТ

Во период кога целото општество и сите негови субјекти во него се прашуваат и ги преиспитуваат претходно поставените цели, заклучувајќи дека сите тие се во криза и дека се дисфункционални, повикот да се патува „бесцелно“ се чини како да е повик за покажување: на нецелисходноста на целите; на неможноста да се постават било какви цели; на истрошеноста на вербата во целите; на безразложноста на целисходноста на творештвото. Немањето на упоришна точка во темата и во концептот на Биеналето, остава простор за „бесцелна уметност“, за уметност без цел/и, за тоа што може дури да го повлече и прашањето: Чуму уметност (ако не постои цел)?





СЛОБОДАН ВЕЛЕВСКИ
ЗА СЛОБОДА И АРХИТЕКТУРА // АРХИТЕКТУРА

Архитектурата не е машина за социјален и културолошки инженеринг, туку место каде што се поттикнува и во којашто се преклопува просторната и социјалната комплексност и повеќезначност на релациите во секојдневниот живот. Од ваквата мноштвеност  се создава архитектурата на градот (како тело-структура, но и како интеракција) каде што градот претставува поле на настани создадени од противречности произлезени од различноста на секоја индивидуа.





ВИКТОРИЈА БОГДАНОВА
САМОПРОБУДУВАЊЕ НИЗ ПОЕМО-ЦРТАЊЕ // АРХИТЕКТУРА + ЦРТЕЖ

Преку поемо-цртањето, доаѓам во поблиска поврзаност со себеси, со нештата коишто ги љубам и со нештата коишто сакам да ги запомнам. Ги реконструирам чувствата од значајни моменти и комуницирам со моето минато Јас како карактер, не како персона. Станувам свесна за просторните сеќавања и за своето внатрешно засолниште – складиштето каде што го наоѓам своето искуствено знаење за термините „убавина”, „љубов” и „добрина”.

Поемо-цртањето е форма на длабоко слушање, слушање зад она што е кажано и чуено.





ДЕЈАН ЏОЛЕВ
ЗА ДИЗАЈНЕРСКИТЕ РАБОТИ // ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН

Постои уште еден вечен дизајн-проблем, а тоа е како клиентот подоцна го применува дизајнот (или „негува“ брендот). Големите компании тоа го решиле преку „упатство на брендот“ или, популарно кажано „бренд бук“, којшто има за цел да ги претстави правилата на ликовните елементи и принципи при аплицирање на брендот (лого, логотип, симбол, типографија, графички елементи…) кон дадена дизајн-содржина. 






НИКОЛА ЕФТИМОВ
СО ОБЛЕКАТА И ДОДАТОЦИТЕ НИЗ ВРЕМЕТО И ПРОСТОРОТ // МОДЕН ДИЗАЈН

Феноменот на облеката постојано се анализира во релација со сложениот историски контекст во којшто настанува и се конзумира, со внимателно исчитување на економските, општествени, религиозни и други фактори коишто придонеле за манифестацијата на одредена „мода“ или стил. Доволно е да ги погледнеме примерите на костими од древниот Египет…






КРИСТИНА КРАГУЈЕВСКА
АВТОР // ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ

Поим за автор 

Како автор се смета физичкото лице кое го создало авторското дело. Авторот е духовен творец кој при создавањето на авторското дело внесува индивидуалност и оригиналност.10 И самото потекло на зборот од класичниот латински јазик auctor, подразбира создавач, творец, основач, втемелувач, зачетник.11

За едно лице да оствари права како автор, тоа мора да создаде авторско дело. 





КРСТО ЗЛАТКОВ
ОБРАЗОВНИ ФОРМИ. ФОРМАЛНИ И НЕФОРМАЛНИ // ОБРАЗОВАНИЕ

Способноста за учење како наше најсилно оружје за опстанок ни дала можност да изградиме одредени вештини. Пример: вештини за лов со цел да се нахраниме, вештини за комуникација со цел да пренесеме порака и алармираме за одредена опасност или пак да го пренесеме нашето искуство на други, итн. Сите овие потреби и вештини го поттикнале развојот на јазикот, а со тоа и буквите.





МИЛАН МИЈАЛКОВИЌ
ЗА МНОЗИНСТВОТО // СОВРЕМЕНА УМЕТНОСТ

Кога некој говори чисто демократски, тогаш пред се тоа е понижувачки и срамно и станува непријатно. „Демократски говор“ значи самокритика. Зборуваш за себе, како за единствениот, прав непријател. Ги преиспитуваш убедувањата и целта, и ставот ти е срушен.

Кога некој говори чисто демократски, тоа секогаш значи: победа над себе! Победа! Победа…





ДРАГИ НЕДЕЛЧЕВСКИ
БЕЛЕШКИ ЗА ЕДНА (ФОТОГРАФСКА) АВАНТУРА // ФОТОГРАФИЈА

Се прашувам, дали некогаш размислуваме какви сè приказни и ситуации можат да се изродат од нашите притискања на тоа волшебно копче на фотоапаратот, збогатувајќи ја историјата на организираниот хаос?! Патем, оставаме и трага за нашето минливо (но сепак возбудливо) постоење. На некој начин, како да сме креатори на сегашноста и иднината заробувајќи го минатото!


Ти се смачи од стариот шифуњер дома и плафоњерките во тоалетот?  Започни ја твојата кариера од соништата и запиши се на Академијата за ентериер и продукт дизајн.

Скала Магазин е прва студентска платформа за дизајн и современа уметност, отворена за промоција на домашните млади креативци, поврзување на студентите и независните артисти со организациите и компаниите, како и следење и поддржување на културните настани и сцена.

ПОВЕЌЕ ОД АВТОРОТ