• Немате производи во кошничката.

АПЛИЦИРАЈ ЗА ВАУЧЕР ОД 30.000 ДЕНАРИ!


Пријави се и добиј ваучер од 30.000 денари!

Во рамките на третата мерка за справување со COVID-19 кризата, имплементирана од страна на Владата на РСМ, Владата доделува ваучери за обуки за млади лица, кои:

  • се државјани на Република Северна Македонија;
  • до 13 јуни 2020 година не биле постари од 29 години;
  • имаат завршено најмалку средно образование. 

    Аплицирањето за ваучер е отворено до 1 август 2020 година!


ЏОЛЕВ И УМЕТНОСТИТЕ

Ги повикува сите креативци да ја искористат оваа можност за следните програми:

ПОГЛЕДНИ ПОВЕЌЕ: ОБУКА  / ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН / ADOBE: Photoshop, Illustrator, InDesgin
ПОГЛЕДНИ ПОВЕЌЕ: ОБУКА / ВИДЕО МОНТАЖА И АНИМАЦИЈА / ADOBE: PremierePro, After Effects + CINEMA 4D
ПОГЛЕДНИ ПОВЕЌЕ: ОБУКА / 3Д МОДЕЛИРАЊЕ И ДИГИТАЛНО РЕНДЕРИРАЊЕ / Solid Works, FUSION 360, 3D CAD, CURA

ПОГЛЕДНИ ПОВЕЌЕ: АКАДЕМИЈА ЗА ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН
ПОГЛЕДНИ ПОВЕЌЕ: АКАДЕМИЈА ЗА ВИЗУЕЛНИ УМЕТНОСТИ
ПОГЛЕДНИ ПОВЕЌЕ: АКАДЕМИЈА ЗА ДИЗАЈН НА ЕНТЕРИЕР И МЕБЕЛ
ПОГЛЕДНИ ПОВЕЌЕ: АКАДЕМИЈА ЗА МОДЕН ДИЗАЈН

 

__________
ПРИЈАВИ СЕ ТУКА И РЕЗЕРВИРАЈ ГО СВОЕТО МЕСТО!
БРОЈОТ Е ОГРАНИЧЕН!
УПАТСТВО ЗА АПЛИЦИРАЊЕ ЗА ВАУЧЕР

 


ВРЕДНОСТ НА ВАУЧЕРОТ

 

Вредноста на ваучерот за обука покрива 50% од вкупниот износ на обуката која ќе ја одбереш кај Давателот на обука, но не повеќе 30.000 денари.
Тоа значи дека треба да бидеш спремен да доплатиш за обуката.

Пример:
• Ако одбереш обука во износ помала од 30.000,00 ден, односно од 20.000,00 ден., аплицираш за ваучер од 10.000,00 ден. Останатото (10.000 ден.) сам го финансираш.
• Ако одбереш обука во износ поголема од 30,000,000 ден, односно од 100.000,00 ден., аплицираш за ваучер од 30.000,00 ден. Останатото (70.000 ден.) сам го финансираш.

 


ПРАВИЛА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ВАУЧЕРИТЕ

 

За аплицирање за ваучер потребно е лицето да има отворено кориснички профил на ниско ниво на eID како што е дефинирано на Националниот портал за електронски услуги.

• едно лице може да добие еден ваучер;
• еден ваучер се користи целосно само за една обука;
• ваучерот може да го искористи само лицето на чие име гласи ваучерот;
• доколку за некоја од обуките има поголем интерес од пријавениот број на млади лица – потенцијални корисници на ваучери кај еден ист давател на обуки за дигитални вештини, предност ќе имаат првопријавените кандидати;
• ваучери се издаваат се додека не се потрошат средствата предвидени за оваа мерка;
• корисниците на ваучери за обуки за дигитални вештини можат да ги искористат издадените ваучери во период од 15 август 2020 година до 15 декември 2020, кај давателот на обуки за дигитални вештини (односно во овој период да ја започнат обуката).

 


КАКО ДА АПЛИЦИРАШ ЗА ВАУЧЕР?

 

  1. Треба да бидеш регистриран во базата на даночни обврзници – физички лица на Управата за јавни приходи.
  2. Треба да се регистрираш на Националниот портал за електронски услуги Uslugi.gov.mk со употреба на истото корисничко име и лозинка со кои си веќе регистриран во УЈП.
  3. Поднесуваш барање за ваучер преку Uslugi.gov.mk каде ја наведуваш избраната обука за дигитални вештини. Кон барањето приложуваш доказ за завршено најмалку средно образование, односно скенирано во pdf формат: диплома за завршено средно образование, уверение за положени испити, диплома за завршено високо образование (од 18 јули до 1 август).
  4. Министерството за образование и наука на РСМ го доставува ваучерот електронски до твојот кориснички профил на Uslugi.gov.mk. (5 дена после доставеното барање за ваучер).

__________
ПРИЈАВИ СЕ ТУКА И РЕЗЕРВИРАЈ ГО СВОЕТО МЕСТО!
БРОЈОТ Е ОГРАНИЧЕН!
УПАТСТВО ЗА АПЛИЦИРАЊЕ ЗА ВАУЧЕР

Број за контакт:
АНГЕЛА НИКОЛОВСКА – 075 268 279

 

 

Скала Магазин е прва студентска платформа за дизајн и современа уметност, отворена за промоција на домашните млади креативци, поврзување на студентите и независните артисти со организациите и компаниите, како и следење и поддржување на културните настани и сцена.

ПОВЕЌЕ ОД АВТОРОТ