• Немате производи во кошничката.

БОШ ФЕСТИВАЛ // ПРОГРАМА


„БОШ-фестивал“ или фузија од уметности, зборно место каде што се дружат музика, театар, поезија, филм... Место коешто остава простор за еволвација и адаптација. Бош е токму тоа! Катче за креативци, но пред сè е место каде што сите, без разлика на креативноста, се добредојдени. Спојувајќи ги оригиналноста и контоверзијата, провоцира и инспирира творештво, создавајќи јавен простор којшто е надвор од рамките на конвенциите.
   
„Годинава ќе имате можност да проследите еден поинаков БОШ, спакуван како БОШ-програма, којашто ќе можете да ја следите на facebook и youtube -каналите на фестивалот, а исто така, ќе има проекции во Ла Кања, Буква, Матријаршија - Белград и некои други локации коишто ќе ги објавиме наскоро. 

„БОШ 13-ти“, ќе вибрира во дигиталниот простор, два дена, 10 саати програма, концерти во живо, кратки филмови, анимации, поинаков формат на изложби, поинаква комуникација, но со истата цел, да истраеме, да оздравеме, да зајакнеме, да бидеме добро до 14-ката.

Не биди баксуз, биди БОШ!

„Да го разбиеме баксузот, следи нè во живо!“ – изјави организаторката / директорка на фестивалот, Марија Стојанова.


Бош, оваа година, иако делумно виртуелно, ни нуди богат репертоар:

3 септември (петок)




19:30, БОШ ЛЕТНО КИНО - ФИЛМСКА ПРОГРАМА:

 Видео-театар, две епизоди во продукција на Македонски центар ИТИ/ПРОДУКЦИЈА:

 „Коџак“ - Стефан Марковски

„Расипан безобразен лажго“ - Лидија Митоска-Ѓорѓиевска

„Скопје 2020“ (21’)
 
„Магнолија“ (19’)
 
„Влакна“ (2’)

 „Коливо“ (24’10’’)

 „Сонот за крвта и душата“ (21’)
 
21:00, ДИЏЕЈ СЕТ: TRICKY DISCO - Стефан Алијевиќ

ВИДЕО ИНСТАЛАЦИЈА – „Мрачна шума“ - Марија Стојанова

*РЕГИОНАЛЕН САЕМ НА НЕЗАВИСНО ИЗДАВАШТВО ФИЈУК Македонија



04 септември (сабота)






20:00, СЕЛЕКЦИЈА НА АНИМАЦИИ – „Flipbook Film Festival“:

„Карантин“ (4’46”) - Иван Андреевски

„Ритамот на падот“ (3’18”) - Ѓорѓи Митревски

„Змијулче“ (9’18”) - Крсте Господиновски, Кристина Стојановски, Жарко Иванов 

„Готлиб“ ( 9’59”) - Крсте Господиновски

 „Јадица“ (5’21”) - Иван Ивановски Вида 

 „Добре“ (9’55”) - Владимир Лукаш

20:45, САМОСТОЈНИ ИЗЛОЖБИ: „Vicarious“ - Ана Трајковска

21:15, МУЗИЧКИ КОНЦЕРТ: „Sethstat“

22:15, САМОСТОЈНИ ИЗЛОЖБИ: „И што сеа“- Горан Дачев

22:45 ,МУЗИЧКИ КОНЦЕРТ – „Lenhart Tapes“

00:00, ДИЏЕЈ СЕТ: Ѓорѓи Јаневски

01:00, ИЗЛОЖБА: „Сомнителни лица“ - Радмила Гошевска

*Филип Митров - Видео Подгорец - фестивалска видео поткрепа 

*МУРАЛ Его – Мирјана Крстева Масетти


Прочитајте повеќе за настанот на овој линк: КЛИК! За тековни информации следете ја фејсбук-страната на фестивалот: КЛИК! 



„БОШ-Фестивалот“ е поддржан од Министерство за култура на Р. Северна Македонија и Општина Гевгелија.
Дел од минатогодишното издание, може да погледнете ТУКА!







Скала Магазин е прва студентска платформа за дизајн и современа уметност, отворена за промоција на домашните млади креативци, поврзување на студентите и независните артисти со организациите и компаниите, како и следење и поддржување на културните настани и сцена.

ПОВЕЌЕ ОД АВТОРОТ