• Немате производи во кошничката.

ДИЗАЈН & KOKТЕЛИ


ШКОЛАТА ЗА ДИЗАЈН И УМЕТНОСТ „ЏОЛЕВ И УМЕТНОСТИТЕ“, НЀ ПОКАНУВААТ НА ТРАДИЦИОНАЛНИОТ ОТВОРЕН ДЕН: ДИЗАЈН И КОКТЕЛИ!

Дизајн & Коктели е отворен настан на 14-ти септември, наменет за сите оние кои сакаат да се запознаат со програмата и менторите на Академиите за дизајн:

Академија за графички дизајн;
Академија за моден дизајн;
Академија за визуелни уметности;
Академија за ентериер и продукт дизајн;
Академија за веб дизајн.
   
►►► Настанот се одвива во опуштена атмосфера со KOKТЕЛ ПОНУДА ЗА ПРВИТЕ 20 ЛИЦА! : )

▷▷ ПРИЈАВУВАЊЕТО е бесплатно со регистрација на следниов линк , настанот може да се следи и онлајн, но не правиме достава на коктели до дома. x.x 

-- -- 
► 18:00ч. – 18:15ч. 
Се сместуваме удобно и порачуваме коктел по избор :)


► 18:15ч. – 19:00ч.
Отворена дискусија и размена на личните исксутва со дел од предавачите на Академијата:
• Дејан Џолев, Академија за визуелни уметности // филмски режисер, визуелен артист, главен уредник на Скала магазин;
• Никола Булески - Буле // Академија за моден дизајн // специјалист за конструкција на облека, професор по моден дизајн;
• Влатко Ристов // Академија за графички дизајн // Арт директор во New moment - маркетинг агенција;
• Апостол Тноковски // Академија за ентериер и продукт дизајн // Индустриски дизајнер и едукатор.


► 19:00ч. – 20:00ч.
Неформално дружење помеѓу гостите, предавачите и организаторите од Школата за дизајн и уметност „Џолев и уметностите“. 
-- -- 
Фотки од 2017 / Фотографија: Лилика Стрезовска





Скала Магазин е прва студентска платформа за дизајн и современа уметност, отворена за промоција на домашните млади креативци, поврзување на студентите и независните артисти со организациите и компаниите, како и следење и поддржување на културните настани и сцена.

ПОВЕЌЕ ОД АВТОРОТ