• Немате производи во кошничката.

European Lab Budapest // Next generations: takeover!


Форум посветен на европската младина! 

Сабота, 5 февруари, Auróra, Будимпешта

   
Со голема радост, споделуваме дека Скала, на покана на Француската независна организација за млади и иновативна култура Arty Farty, се приклучува кон Sphera – платформа за алтернативни медиуми во Европа.


Со тоа, среќни сме да ве поканиме на првиот настан организиран во рамките на оваа соработка - European Lab Budapest x Sphera.

Настанот е посветен на Generation Z, група на млади лица кои активно градат алтернативи за новите предизвици во општеството. Главниот форум ќе биде препуштен на претставници на независниот културен сектор, новинари, активисти... или младата европска генерација која ќе ја сподели со нас својата визија за 2022 г., прогласена за „Европска година на младите“ од страна на Европската комисија.  

Настанот е бесплатен (со направена регистрација) и ќе се одржи на 5 февруари во Auróra, Будимпешта. 

Подгответе се за дневната и ноќната програма и се гледаме во Auróra!




↓ Линк од настанот на фото ↓







Скала Магазин е прва студентска платформа за дизајн и современа уметност, отворена за промоција на домашните млади креативци, поврзување на студентите и независните артисти со организациите и компаниите, како и следење и поддржување на културните настани и сцена.

ПОВЕЌЕ ОД АВТОРОТ