3.75k
Драги скалаџики и скалаџии. Ви споделуваме фотографски импресии од најголемиот скалаџиски празник „Добро утро креативци“ – саем за размена на креативни искуства и размисли.
Целта на овој настан е на едно место да се соберат и претстават актуелните случувања во креативните индустрии, уметноста, дизајнот, културата и образованието. Програмата вклучува саемски изложбен и продажен простор, музички перформанси, панел дискусии и галериска изложба.





Галериската групна изложба беше отворена во 20 часот на којашто беа претставени слики, скулптури, графики и фотографии. Огромен придонес и чест беше учеството на значајните македонски автори од ликовната сцена, многу од нив и наши професори, активни, но некои од нив и веќе во пензија: Јовица Мијалковиќ, Мирослав Масин, Жарко Башески, Сергеј Андреевски и Симон Шемов.








Но тука беше и младата активна сцена, свои дела изложија и: Ана Трајковска, Андреј Митевски, Андреј Павлов, Давор Кешќец, Дамјан Ристевски, Дејан Џолев, Душан Стефановски и Стефан Младеновски.
★ Ние сме SKALA School 10 Години // Академии за дизајн, уметност и технологија [прочитај повеќе]

★










За звукот во галеријата се погрижи Маестро Георги Трајков на класична гитара.


★
А веднаш потоа на електрични гитарии рипнаа Lepi Xhoni [Љупа Ангелов] + Shema Crew [Андреј Павлов и Андреј Игњатовски]


Ни беше бааааааш кул!
★











Овој проект е поддржан од Young Cities + Democracy Lab. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на авторите и не ги одразуваат оние на Young Cities + Democracy Lab.