• Немате производи во кошничката.

Скала магазин со отворен повик за групна галериска изложба!



Другари и другарки, добро утро креативци! На овој повик може да се пријават сите автори до (и) 35 годишна возраст. Повикот е за сите млади креативци кои имаат став за разговор на тема: ПАТЕРН: Визуелни размисли за стереотипите. 

Уметничките дела може да бидат во било кој визуелен медиум: слики, фотографии, дигитални графики и илустрации, графики инсталации или скулптури. Секој автор може да пријави макс. 3 дела.

Скала магазин има обврска да ги отпечати и врами делата, да ги изложи во галериски простор, да испечати мал каталог за изложбата, и да организира пригоден коктел за отворањето.

Од сите пријавени автори на конкурсот, стручно жири (кое ќе биде објавено заедно со резултатите) ќе направи избор на десет автори чии дела ќе бидат реализирани и изложени.

Пријавите дела мора да содржат: кратка наративна биографија (не повеќе од 200 зборови) од авторот, наслов на делото и медиум-техника. Материјалот да е на македонски јазик (со македонска поддршка). 

Пријавите ги очекуваме најдоцна до 20.9.2021 на skalamagazine@gmail.com // сабџект: Добро утро креативци!
P.S. Затоа што вашата уметност припаѓа во галерија, а не на инстаграм!

Овој проект е поддржан од Democracy Lab. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на авторите, и не ги одразуваат оние на Демокраси Лаб. 

Скала Магазин е прва студентска платформа за дизајн и современа уметност, отворена за промоција на домашните млади креативци, поврзување на студентите и независните артисти со организациите и компаниите, како и следење и поддржување на културните настани и сцена.

ПОВЕЌЕ ОД АВТОРОТ