• Немате производи во кошничката.

ОТВОРЕН ПОВИК ЗА СКАЛА ГАЛЕРИСКА ИЗЛОЖБА #5!



ДРУГАРИ И ДРУГАРКИ, ДОБРО УТРО КРЕАТИВЦИ! НА ОВОЈ ПОВИК МОЖЕ ДА СЕ ПРИЈАВАТ СИТЕ АВТОР(К)И, КОИ ИМААТ СТАВ НА ТЕМА: ДИСКРИМИНАЦИЈА


ПОГЛЕДНИ ЈА ЧЕТВРТАТА СКАЛА ИЗЛОЖБА
ВИЗУЕЛНИ РАЗМИСЛИ НА ТЕМА: // ПОЛАРИЗАЦИЈА

ПОГЛЕДНИ
Уметничките дела може да бидат во било кој визуелен медиум: видео арт, сликарство, фотографија, илустрација, графика, скулптура, постер... Секој автор може да пријави макс. 3 дела.

На конкурсот ќе бидат разгледани исклучиво дела кои ја обработуваат темата „дискриминација“ и дела кои се создадени во временски период помеѓу 10 мај и 10 јуни, 2022 година. Сите дела кои се надвор од овие рамки ќе бидат дисквалификувани.

Скала магазин има обврска да ги отпечати и врами делата, да ги изложи во галериски простор, да испечати каталог за изложбата, и да организира пригоден коктел за отворањето.

Aвторите ќе имаат можност да ги продаваат своите изложени дела на Скала продавница.
Конкурсот е отворен до 10 јуни 2022 година.



ПЕТТА СКАЛА ИЗЛОЖБА
ВИЗУЕЛНИ РАЗМИСЛИ НА ТЕМА: // ДИСКРИМИНАЦИЈА

ПРИЈАВИ СЕ ТУКА

P.S. Затоа што вашата уметност припаѓа во галерија, а не на инстаграм!


Овој проект е поддржан од Young Cities + Democracy Lab. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на авторите и не ги одразуваат оние на Young Cities + Democracy Lab.


Скала Магазин е прва студентска платформа за дизајн и современа уметност, отворена за промоција на домашните млади креативци, поврзување на студентите и независните артисти со организациите и компаниите, како и следење и поддржување на културните настани и сцена.

ПОВЕЌЕ ОД АВТОРОТ