• Немате производи во кошничката.

Нов отворен повик за групна галериска изложба!



ДРУГАРИ И ДРУГАРКИ, ДОБРО УТРО КРЕАТИВЦИ! НА ОВОЈ ПОВИК МОЖЕ ДА СЕ ПРИЈАВАТ СИТЕ АВТОРИ КОИ ИМААТ СТАВ ЗА: СОГОЛУВАЊЕ: ГЛАСНО ЗА РАБОТИТЕ КОИШТО СЕ ШЕПОТАТ.

Уметничките дела може да бидат во било кој визуелен медиум: видео арт, сликарство, фотографија, илустрација, графика, скулптура... Секој автор може да пријави макс. 3 дела.

На конкурсот ќе бидат разгледани исклучиво дела кои се создадени во временски период помеѓу 7 декември и 20 декември, 2021 година - дела кои ја обработуваат темата „соголување“.

Скала магазин има обврска да ги отпечати и врами делата, да ги изложи во галериски простор, да испечати мал каталог за изложбата, и да организира пригоден коктел за отворањето.

Оваа трета Скала изложба, Aвторите ќе имаат можност да ги продаваат своите дела! : )

Пријавите дела мора да содржат: кратка наративна биографија (не повеќе од 200 зборови) од авторот, наслов на делото и медиум-техника и кратка анотација за делото. Материјалот да е на македонски јазик (со македонска поддршка). 

Пријавите ги очекуваме најдоцна до 20.12.2021 на skalamagazine@gmail.com // сабџект: Добро утро креативци!
P.S. Затоа што вашата уметност припаѓа во галерија, а не на инстаграм!


ПОГЛЕДНИ ЈА ПРВАТА СКАЛА ИЗЛОЖБА
ПАТЕРН // ВИЗУЕЛНИ РАЗМИСЛИ ЗА СТЕРЕОТИПИТЕ

ПОГЛЕДНИ

„Само пред десетина години, беше привилегија на секој автор да го истакне своето дело во јавен галериски простор. Денес социјалните медиуми ни овозможија инстантно да ја презентираме својата уметност, но истовремено оваа можност не оддалечи од публиката, социјалните медиуми всушност се асоцијални агори, и не само тоа, уметничкото дело, кога зборуваме за традиционалните визуелни медиуми се артефакти во физичка форма, и како такви, тие мора да бидат претставени во физички простор, а не виртуелен. На пример, фотографијата можеме да ја отпечатиме (и врамиме) метар на метар, тоа задоволство мониторот на нашиот паметен телефон неможе да ни го овозможи.“ - Изјави Дејан Џолев, главен уредник на Скала магазин. 


ПОГЛЕДНИ ЈА ВТОРАТА СКАЛА ИЗЛОЖБА
БУДЕЊЕ //

ПОГЛЕДНИ

Овој проект е поддржан од Democracy Lab. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на авторите, и не ги одразуваат оние на Демокраси Лаб. 

Скала Магазин е прва студентска платформа за дизајн и современа уметност, отворена за промоција на домашните млади креативци, поврзување на студентите и независните артисти со организациите и компаниите, како и следење и поддржување на културните настани и сцена.

ПОВЕЌЕ ОД АВТОРОТ