• Немате производи во кошничката.

УШТЕ СВЕТЛИНА // ВТОР ФЕСТИВАЛСКИ ДЕН


Вчера беше одржана работилницата за физички театар под името ДВИЖЕЊЕ – ГРАДЕЊЕ ЛИК СО ФИЗИЧКИ ТЕАТАР ПОД МЕНТОРСТВО НА Моник Масиус.


Погледнете дел од атмосферата 

Во интернационалата програма ја погледнавме претставата „Хамлетмашина”, во продукција на Моцартеум Универзитет од Австрија, во режија на Ебру Тартичи Борчерс. Познатото постдрамско дело на Хајнер Милер „Хамлетмашина” ги преобмислува ликовите на Хамлет и Офелија низ нова перспектива. Истовремено, нашиот тим го анализираше политичкиот и филозофскиот аспект на оваа претстава и како клучни зборови коишто ја доловуваат истата, ги издвои: машина, репродукција, ритам и токсична машкост.

По дипломирањето од Одделот за актерска игра при Универзитетот Билкент во Анката, Ебру Тартичи Борчерс се преселила во Германија и работела како помошник-режисер во Берлинскиот ансамбл и театарот „Максим Горки“ во Берлин. Ебру денес работи како режисер и драмски преведувач во Германија, Австрија и Турција.

Националната академија за театарска и филмска уметност „Крсто Сарафов“ од Бугарија се претстави со танцовиот перформанс „Пепелиште”. Станува збор за двајца браќа, кои се во потрага по сопствената среќа, се соочуваат со низа предизвици коишто го тангираат нивниот морален идентитет. Едниот има сѐ по цена на другиот. На патот кон своето остварување, миленикот на судбината наоѓа љубов и покрај неговата неможност да љуби, живеејќи го својот „среќен крај“.

НАТФИЗ штотуку прослави 70 години од постоењето во 2018 година. Академијата е основана во 1948 година, како двегодишна школа за театар во рамките на Националниот театар „Иван Вазов“. Академијата континуирано расте, активно надградувајќи и збогатувајќи ги своите активности. Во моментот, нуди голем избор на предмети и програми за нивните студенти.


Денес (19.09)

Вечерва со почеток од 19:30 ч., ќе имате можност да ја погледнете претставата „КРАЈОТ”, во продукција и изведба на Бертранд и Наси од Англија и Франција. Бертранд и Наси се двајца европски театарски уметници, кои живеат во Обединетото Кралство и имаат светска репутација за создавање на оригинален политички театар. 


Билети за претставата<<

Во студентската програма ќе ги погледнеме студентите од Академија за театар, радио, филм и телевизија (Љубљана, Словенија) со претставата „Барем не треба да се бакнувам”, во режија на Дориан Шилец Петек, под менторство на познатиот режисер Јернеј Лоренци. 


Линк до претставата <<

Скала Магазин е прва студентска платформа за дизајн и современа уметност, отворена за промоција на домашните млади креативци, поврзување на студентите и независните артисти со организациите и компаниите, како и следење и поддржување на културните настани и сцена.

ПОВЕЌЕ ОД АВТОРОТ