• Немате производи во кошничката.

УШТЕ СВЕТЛИНА


Денес почнува првото издание на онлајн Интернационален алтернативен фестивал театарски европски алтернативи „STURM UND DRANG“.


Тимот на „Скала Магазин“ во рубриката УШТЕ СВЕТЛИНА ќе ве известува што ќе се случува секој ден. Следете ја нашата рубрика и дознајте повеќе за сите учесници: театри, универзитети, театарски претстави, актери, режисери. 
Оваа година, на фестивалот ќе бидат прикажани 11 продукции, поделени во 2 категории.


ИНТЕРНАЦИОНАЛНА ПРОГРАМА <<


>> СТУДЕНТСКА ПРОГРАМА

Билети за интернационалната програма можете да си обезбедите ТУКА и на тој начин да ја поддржите независната алтернативна сцена.
Претставите од студентската програма се бесплатни за гледање, а линковите ќе бидат достапни до полноќ.
Погледни го КАЛЕНДАРОТ со сите настани на фестивалот.  



Денес (17.09)

Вечерва, со почеток од 19:30ч започнува фестивалот со претставата „10 Минибалети” на алтернативниот театар „Колективо Синетико“ од Италија.

Во студентската програма ќе ги гледаме студентите од Одделот за уметност при Универзитетот во Краиова, Романија. Ќе ја погледнеме претставата „Галеб”, според познатото дело на А.П. Чехов, со почеток од 21:00ч.



Скала Магазин е прва студентска платформа за дизајн и современа уметност, отворена за промоција на домашните млади креативци, поврзување на студентите и независните артисти со организациите и компаниите, како и следење и поддржување на културните настани и сцена.

ПОВЕЌЕ ОД АВТОРОТ