• Немате производи во кошничката.

НА СКАЛИЧКИ СО АНА ТРАЈКОВСКА


ЕДНАШ НЕДЕЛНО „НА СКАЛИЧКИ“ ГО РАЗГЛЕДУВАМЕ ПОСЛЕДНИОТ ПРОЕКТ ВО ПОРТФОЛИОТО НА ЛОКАЛЕН МЛАД АВТОР ИЛИ СТУДЕНТ ПО ДИЗАЈН И УМЕТНОСТ.

Ана Трајковска ја следиме веќе подолг временски период. Ја предложивме во редакција да се сретнеме со неа „на скалички“ за време на групната изложбена поставка „Изложба“ во МКЦ - тоа беше некој април.

Времето нѐ одвеа, но Ана набргу повторно се појави со нејзината самостојна изложба „Црно и бело“ – како дел од магистерскиот труд. Кога ги видов фотографиите по социјалните мрежи, бев фасциниран од визуелниот спектакал во просторот на НУЦК „Трајко Прокопиев“ - тоа беше некој мај.

Додека се подготвуваме да ја контактираме за „на скалички“, Ана ја сретнавме во Музејот на современа уметност во Скопје, со учество на 13-тото Бианале на млади уметници - дојде јуни. Време е да се видиме на скалички со Ана Трајковска или како што ние милуваме, Ана Тау Тау, токму и оттаму почнавме.

За Ана Трајковска, т.е. за Ана Тау Тау…


Хахаха, Кога започна ФБ-трендот, имаше многу „Ана Трајковска“ и пријателите многу тешко ме наоѓаа. Со другарка уште тогаш го ставивме тој натпис и си остана со времето. Денес, сите така ме викаат и затоа си останав „Тау Тау“. .


За „црно и бело“… 


Главната идеја зад самиот наслов на изложбата ,, Црно и бело” ми беше посветена на односот кон графиката од страна на обичниот гледач. Најчесто сум доаѓала во пресрет на мислења, кога ќе кажев што студирам и зошто, најредовно прашање беше, дали тоа е нешто црно и бело и дали само со молив и јаглен создавам графика? Со тој генерален концепт на доживување графиката, решив баш и со овој ироничен наслов, да прикажам една сосем нова претстава на графиката во НУЦК „Трајко Прокопиев“ – Куманово.


За техниката…


Графиката е техника на мултипликација, што значи, може секогаш да се повтори отисокот од едно исто клише (плоча) и да се создадат нови дела. Моето главно истражување најмногу го посветувам баш на таа репетиција, како може од една матрица да се создаде нешто во монументален размер, а сепак да остане традиционалната техника и начин на печатење зад делото..


За „Бианале на млади уметници“ во МСУ…


Темата на биеналето е да се патува бесцелно од место до место, да се претстави едно време коешто е убаво, да се лута без никакви грижи… Кога првпат ја прочитав темата на повикот за овој конкурс, си помислив дека ова е многу  индивидуално прашање за секој човек. Секој си има своја идеја за иднината за своето идеално место што би сакал да лута бескрајно во тие простори. Затоа одлучив да претставам едно време, коешто било реално за секој и веќе го има доживеано безгижното лутање. Секако, зборувам за детството и во моето дело имам претставено елементи типични за 80-тите и 90-тите години од минатиот век, склопени во форма на дигитален колаж коишто се испечатени на метализиран (оглеаделен) картон, гледачот  се гледа себеси, додека лута со погледот низ делата, враќајќи се назад кон безгрижното.


За љубопитноста… 


По серијата со симболи, којашто ми беше едно заокружување на подолг истражувачки процес, сакам да продолжам да се занимавам со графиката, ама со поголем фокус на тематиките што ги обработувам. Во моментот, работам на нова серија со печати на огледални парчиња, планирано е да биде како инсталација во простор, секако ќе биде мешавина со различни медиуми како светло и звук. 


За иднината…


По серијата со симболи, којашто ми беше едно заокружување на подолг истражувачки процес, сакам да продолжам да се занимавам со графиката, ама со поголем фокус на тематиките што ги обработувам. Во моментот, работам на нова серија со печати на огледални парчиња, планирано е да биде како инсталација во простор, секако ќе биде мешавина со различни медиуми како светло и звук. 





НУЦК „Трајко Прокопиев“ – Куманово.






Бианале на млади уметници // МСУ – Скопје





___ __
Фотографија на насловна: Антонио Станков

Главен и одговорен уредник на Скала магазин. Филмски режисер и визуелен уметник со јавно самостојно, групно и фестивалско претставување на филмски, театарски, фотографски, дизајнерски и пишани дела. Наградуван и пофалуван дома и во странство. Последно јавно претставување, самостојна фотографска изложба “Тркалезни форми” во Галерија Прима Центар во Берлин, Германија. Основач и ко-сопственик на Џолев и уметностите.

ПОВЕЌЕ ОД АВТОРОТ