• Немате производи во кошничката.
TOP

ВО ПРОДАВНИЦА СО ДАВОР КЕШЌЕЦ



____________

Скала шоп е отворена! За почеток, секој понеделник во СКАЛА ПРОДАВНИЦА на „полица“ ќе биде претставен нов млад автор/кa или студент/ка по дизајн и уметност. Со пар кликови секој може да порача оригинално уметничко дело и за помалку од три работни дена истото ќе биде доставено на домашна адреса.


ДАВОР КЕШЌЕЦ // BLUE MOON


Давор Кешќец е рокенрол уметник, роден во Скопје 1997. Средно образование има завршено во средното уметничко училиште ДСУЛУД „Лазар Личеноски”- Скопје, оддел графика, дипломира на Факултетот за ликовни уметности – отсек графика и е член на ДЛУМ од 2020 година. Добитник е на наградата за млади уметници “Young Art” категорија: сликарство од 21-29 години во 2019. Учествувал на повеќе групни изложби, а негови самостојни изложби се “Again’’ во скопскиот кафич „Децата од нашата улица“ -2016, “SHE’’ во галеријата на МКЦ-2018 и две онлајн изложби “I S O L A T I O N’’ и  “I S O L ART I O N’’ реализирани во 2020 година. Има исцртано мурали во ГТЦ во street art & graffiti gallery, на бетонските постаменти поставени на Партизанска и муралот на влезот на Велес.

Овие слики се од серијата на дела насловена “Blue Moon’’, инспирацијата за овие дела е од стилот, музиката, начинот на играње, ноќниот живот во локалите и баровите во 40-тите и раните рокенрол времиња во 50-тите години. Па оттаму и насловот Blue Moon по истоимената песна од Елвис Присли.



ПОДДРЖИ ГИ МЛАДИТЕ АВТОРИ!
КУПИ УМЕТНОСТ // ПОДАРИ УМЕТНОСТ

КОН ПРОДАВНИЦА

Скала Магазин е прва студентска платформа за дизајн и современа уметност, отворена за промоција на домашните млади креативци, поврзување на студентите и независните артисти со организациите и компаниите, како и следење и поддржување на културните настани и сцена.

ПОВЕЌЕ ОД АВТОРОТ