• Немате производи во кошничката.
TOP

ВО ПРОДАВНИЦА СО МАРИО МАНЕСКИ



____________

Скала шоп е отворена! За почеток, секој понеделник во СКАЛА ПРОДАВНИЦА на „полица“ ќе биде претставен нов млад автор/кa или студент/ка по дизајн и уметност. Со пар кликови секој може да порача оригинално уметничко дело и за помалку од три работни дена истото ќе биде доставено на домашна адреса.


МАРИО МАНЕСКИ // МИР


Серијалот „Мир“ е нов чекор во развивањето на неговите дела и стилот на визуелно изразување, којшто за разлика од максимализмот и хаотичноста на претходни дела, тргнува во правец на созревање и поедноставување, со цел да предизвика спокој и смиреност кај гледачот.

Марио е цртач во полето на дудл, стрип и графити-уметноста, а воедно и студент на Академијата за визуелни уметности во Школата за дизајн и уметности „Џолев и уметностите“. Роден во 1995 година, почнува „активно” да се занимава со цртање уште во четврто одделение, кога открива дека со фигурите што ги учел на час по геометрија, може да нацрта автомобил во 3Д. Натаму сè е историја ­вели тој. Покрај цртањето, примарна дејност му е угостителството, се занимава со фотографија и е голем фанатик на сè што има тркала и се движи.


ПОДДРЖИ ГИ МЛАДИТЕ АВТОРИ!
КУПИ УМЕТНОСТ // ПОДАРИ УМЕТНОСТ

КОН ПРОДАВНИЦА

 

 

Скала Магазин е прва студентска платформа за дизајн и современа уметност, отворена за промоција на домашните млади креативци, поврзување на студентите и независните артисти со организациите и компаниите, како и следење и поддржување на културните настани и сцена.

ПОВЕЌЕ ОД АВТОРОТ