• Немате производи во кошничката.

ГАЛЕРИЈА: СРАМ


Срамот нѐ придружува во нашето секојдневие и постоење, потпирајќи  се на нашето минато, каде што, случајно или намерно, се случиле некои грешки, некои пропусти, а ставајќи нѐ пред свршен чин – на суд. Судот на нашиот сопствен ум, нашата најголема слабост.

Погледнете ги (не)видените дела на илустраторите на Скала коишто, овој месец, твореа на тема „СРАМ“.
Мини виртуелната изложба ги покажува само дел од облиците на срам коишто ги чувствуваме, од коишто бегаме или со коишто се соочуваме.


___
Андреј Павлов
Андреј за себе вели дека е илустратор. А ние за него велиме дека е многу повеќе! Тој не е само илустратор, Андреј е и фотошоп, индизајн и дип. индустриски дизајнер. Кога ќе порасне сака, да биде супер херој! Како ли не му е срам.







___
Ива Јованова
Ива пее во бенд! Но, црта и згради, зашто тоа учеше на факултет. Но, Ива и дизајнира, фотографира... Исто така, многу сака кучиња и мачиња и други такви слатки работи. Кога ќе порасне сака да собира школки и убави каменчиња. Како ли не ѝ е срам.




___
Стефан Танков
Стефан ни доаѓа од Архитектонски факултет, таму ги привршува своите мастер студии. Тоа се оние дечки и девојки кои шетаат низ град со големи папки во рацете. Мултидисциплинарен артист и мултиљубопитен дух. Кога ќе порасне, сака да биде и да остане свој. Како ли не му е срам.





___
Деница Стојкоска
Деница е студентка по ликовна педагогија на ФЛУ, а ги знае сите трачеви на ФДУ. Повеќе информации за овој трач – идниот месец во истата рубрика. Кога ќе порасне, сака да биде учителка, наставничка, декан и ректор! Како ли не ѝ е срам.




Заедничко на оваа креативна банда е тоа што се дел од креативниот тим на „Скала магазин“ и студенти на академиите за дизајн при „Џолев и уметностите“. Толку многу сличности, а само еднаш месечно пиво пијат. Срамотилаци!



Скала Магазин е прва студентска платформа за дизајн и современа уметност, отворена за промоција на домашните млади креативци, поврзување на студентите и независните артисти со организациите и компаниите, како и следење и поддржување на културните настани и сцена.

ПОВЕЌЕ ОД АВТОРОТ