• Немате производи во кошничката.

СТУДЕНТИТЕ ОД АКАДЕМИЈАТА ЗА МОДЕН ДИЗАЈН ИЗРАБОТИЈА ФОТО-ЕДИТОРИЈАЛ




На претстојниот Моден викенд – Скопје, којшто ќе се одржи од 1 до 3 октомври, ќе учествуваат студентите од Академијата за моден дизајн при Школата за дизајн и уметност „Џолев и уметностите“


Станува збор за финалните креации што  студентите од генерацијата 2019/2020 година ги имаат изработено во текот на студирањето. На Модниот викенд во Скопје со свои колекции ќе се претстават: Ева Поп Таневска, Ана Франгова, Никола Јовановски, Катерина Димитровска. Дел од колекциите ексклузивно ги претставуваме на Скала преку фото-едиторијалот изработен во соработка со студентите на Академијата за визуелни уметности.

Инаку, Академијата за моден дизајн е во времетраење од 9 месеци, чиишто уписи се во тек и истата започнува на 15 октомври. Студентите на Академијата ги изучуваат предметите за моден дизајн, односно: модна колекција, модна илустрација, кроење и шиење, конструкција на облека… Додека, менторскиот тим е составен од врвни експерти во своите области, како: Никола Ефтимов, Никола Булески – Буле, Ирина Тошева, Александра Јовановска, Небојша Вилиќ, Дејан Џолев, Кристина Крагујевска.





____________________


Хаос


Ева Таневска


Целната група, поточно клиентите кои можат да се пронајдат во оваа колекција ја опфаќаат секоја возраст од 20 до 50 години, секоја девојка и жена која ќе посака да го истакне и покаже својот весел дух и својата радновидност и пасијата кон боите ќе може да се чувствува посебно, убаво и комотно во оваа колекција. 

Инспирацијата за оваа колекција најпрво произлезе од мене самата. Започнав со истражување на самата себеси, каква сум јас и што буди емоција кај мене. Се сметам за хаотична личност, која полесно се снаоѓа во хаосот, отколку во среден простор. Сакам бои и сакам различност затоа и се одлучив да започнам со New Orleans, како една од почетните инспирации, неговата разновидност и живот. Различни националности, бои, мешавини во општеството. Од сите тие мешавини и комбинации на различни нешта,  дојдов до моментот кога сфатив дека оваа колекција сакам да е базирана на геометрија, бидејќи сè околу нас е геометрија и сè  околу нас има посебно значење и посебна порака што ја носи. Поради геометријата одлучив оваа колекција да има многу геометриски фигури, различност и многу бои. Мешавината на тие бои и неспоиви нешта да се спои во едно и тоа едно да изгледа како целина. Затоа во оваа колекција има многу материјали коишто се споени еден со друг и претставуваат оформена целина и различност.



ДИЗАЈН: Ева Таневска
КОЛЕКЦИЈА: Хаос
МОДЕЛ: Надја Миланов
ФОТОГРАФИЈА: Антонио Станков
АСС. НА СЕТ: Филип Бојковски
АГЕНЦИЈА: Подиум
МЕНТОР: Дејан Џолев
ШМИНКА: Сим Салтирова




____________________


One with the nature

Ана Франгова


Инспирацијата потекнува од хипи и бохо-движењата. Искористени се мотиви и дезени како што се цветови, листови, спирали и неправилни форми. Колоритот доаѓа од боите на природата како што е заоѓање на сонце, цвеќиња, тревата и по самиот наслов на колекцијата идејата е човекот да биде едно со природата. Наменета е за сите што сакаат да носат нешто поразлично, послободно, луѓе кои се чувстуваат удобно во својата кожа и не се плашат да покажат повеќе.



ДИЗАЈН: Ана Франгова
КОЛЕКЦИЈА: One with the nature
МОДЕЛ: Сара Цветанова
ФОТОГРАФИЈА: Мартина Салова Чешновар
АГЕНЦИЈА: Подиум
МЕНТОР: Дејан Џолев
ШМИНКА: Сим Салтирова





____________________


We are the MODS

Никола Јовановски


Не треба да има ограничувања кога станува збор за мода. Мојата мотивација за дизајн доаѓа од кршење на правила и бариери. Идејата за андрогинија, недостаток на родова дефиниција, малку погрешно и неконвенционално е она што го сакам и работам. Ова е колекција преку којашто го правам тоа, со радикално различен, сексуално провокативен изглед.



ДИЗАЈН: Никола Јовановски
КОЛЕКЦИЈА: We are the MODS
МОДЕЛ: Ивана Гелева
АГЕНЦИЈА: Подиум
ФОТОГРАФИЈА: Антонио Станков
МЕНТОР: Дејан Џолев
ШМИНКА: Сим Салтирова





____________________


Кој си ти?

Катерина Димитровска


Мојата колекција е инспирирана од тоа како се доживуваме самите себе и како нè доживуваат луѓето околу нас. Еден модел се состои од два костими; горниот костим (лицето што го покажуваме пред другите) има ,,претерани” форми, а долниот костим е транспарентен и ,,декориран” со сите наши скриени мисли и желби, ја следи линијата на телото, со што го симболизира вистинскиот идентитет. Тоа нè  носи до прашањето да се запрашаме самите себе: ,,кој си ти?”



ДИЗАЈН: Катерина Димитровска
КОЛЕКЦИЈА: Кој си ти?
МОДЕЛ: Нена Николова
АГЕНЦИЈА: Подиум
ФОТОГРАФИЈА: Виктор Стојков
МЕНТОР: Дејан Џолев
ШМИНКА: Сим Салтирова




Скала Магазин е прва студентска платформа за дизајн и современа уметност, отворена за промоција на домашните млади креативци, поврзување на студентите и независните артисти со организациите и компаниите, како и следење и поддржување на културните настани и сцена.

ПОВЕЌЕ ОД АВТОРОТ