• Немате производи во кошничката.

НА СКАЛИЧКИ СО VOLATILE


Еднаш неделно „на скалички“ го разгледуваме последниот проект во портфолиото на локален млад артист или студент по дизајн и уметност.



Со „Volatile“ разговараме за нивниот проект со силно влијание на не- естетиката. Виртуелно модно шоу, со виртуелни модели, со виртуелна анимација, на веќе постоечка колекција.

„VOLATILE“ е визуелен наратив на Ивана Секулоска и Стефан Китановиќ, којшто се движи меѓу уметноста и дизајнот и се стреми во облеката да ја задржи својата естетско уметничка вредност. Ликовноста им е појдовна точка. Со традиционални  техники создаваат уметнички дела што се носат. Веруваат во колаборативни процеси со локални уметници кои резултираат во соврмени мултидисциплинарни проекти . Името „VOLATILE“ го отсликува нивниот версатилен пристап кој е во  постојан експеримент и служи како провокација на хетеро опшествените норми за индетитет.


За виртуелното модно шоу и техниката…


Виртуелното модно видео беше соработка со други уметници кои ни помогнаа во пронаоѓање на алтернативно решение за прикажување на облеката, поради ситуацијата со Ковид-19. Креатор на визуелната анимација беше Ѓорѓи Десподов, кој паралелно со нашата работа во модното ателје, работеше рендери на нашите модели. За музичкиот избор беше задолжена диџејката Ивана Драгшич која е дел од локалната клубска сцена во Скопје. Во видеото можат да се видат 8 стајлинзи од колекцијата коишто се во бел празен простор и се во постојано движење. 


За стилот и естетиката…


„VOLATILE“ е под силно влијание на не-естетиката во денешната мода, клупската култура,  ЛГБТИ+ движењето и минимализмот. Со употреба на традиционални техники за кроење и графички монотиписки апликации на текстил, создадовме скулптурални објекти кои наликуваат на штитови , а истите се небинарни и не ја следат формата на телото. 


За поединечните парчиња…


Првата колекција на „Volatile“ се состои од 12 монохроматски рачно изработени парчиња облека, кои се стилизирани во девет стајлинзи со додатоци изработени од реупотрбен плексиглас. Облеката е  од природни и синтетички материјали , фокусирајќи се повеќе на текстурата отколку на бојата. Парчињата беа фоторафирани од страна на Соња Ставрова која пак направи репродукција на 3д анимацијата.


За инспирацијата…   


Не веруваме во инспирација, ние мислиме дека референцата и истражувањето  се единствените што вршат влијание врз нашиот процес, кој е фокусиран на разлчни  експериментирања и доста апстрактен. Скици за  дизајните ни се авторските дела кои служат како патоказ за градење на облеката.


За иднината…


Сакаме да ја продолжиме нашата соработка со колегите уметници и да  создававме нови наративи кои ќе резултираат во нови носечки парчиња уметност. Моментално работиме на зимска колекција каде што применуваме повеќе занаетчиски техники на изработка на самите парчиња.









Фотографија на насловна: Долорес Соколова

Спонтана и позитивна, Александра е нишка измеѓу уметничките гледишта и реалниот свет. Приземјена, а истовремено и темпераментен сонувач... перфекционист по природа, магистер архитект по професија. Креативноста и логиката главно ги изразува преку вебдизајн, а слободното време го поминува во кулинарски експреименти и одгледувајќи растенија. Обожава филозофирање, дискусии и зборување за убавото.

ПОВЕЌЕ ОД АВТОРОТ