• Немате производи во кошничката.

ФОТО-ЕСЕЈ: СРАМ И ПЕРДЕ


Rêve à Deux [рев а ду] е фотографски двоец составаен од Антонио Станков и Дејан Џолев, со цел истражување и реализација на взаемните естетски појави и спознанија. 

Според конвенционалната мудрост ние можеме да ги опишеме нашите слики од соништата, но не можеме да ги споделиме. Тие слики, во овој светоглед, се непроменливо приватни и интимни настани. Но, конвенционалната мудрост не е единствената мудрост, особено кога станува збор за соништата и имагинацијата. Rêve à Deux [рев а ду] е француска именка која претставува способност за споделување на нереален настан, сон, имагинација… помеѓу двајца или повеќемина.

Овој прв проект на двоецот Станков-Џолев е обид да се отелотвори месечната тема на магазинот именката срам, преку „срамната“ форма - човечкото тело и највпечатливиот ликовен елемент - бојата.


За оваа визуелна претстава беше спроведено ад хок квантитативно истражување на 50 испитаници. Прашалникот беше дизајниран од пет прашања, и тоа: од кои две бои е обоено вашето минато? Која боја се вашите грешки? Од кои две бои се состои вашето тело? Од кои две бои се состои вашиот дух? Со која боја се обоени вашите желби?


Целта на ова истражување беше да се добие палета од комбинации коишто подоцна ќе бидат аплицирани при фото-есејот „срам и перде“. 

Резултатите во прилог:



Ова сум јас…





Јас, се срамам од моите желби…





Јас, се срамам од моето тело…





Се срамам од сите мои грешки!






Јас, се срамам од моето минато.








Зошто се срамиш?



Скала Магазин е прва студентска платформа за дизајн и современа уметност, отворена за промоција на домашните млади креативци, поврзување на студентите и независните артисти со организациите и компаниите, како и следење и поддржување на културните настани и сцена.

ПОВЕЌЕ ОД АВТОРОТ