• Немате производи во кошничката.

Beach Film Festival // фотографски импресии III


Фотографски импресии од ден трети, на третиот фестивал на нов европски филм „Beach Film Festival“. 

__________
Фотографија: Антонио Станков


24.07.2020



10:00Работилница за актерска игра: „Озвучи ја својата имагинација!“ 



Третиот ден започна со работилницата за актерска игра, „Озвучи ја својата имагинација“, под менторство на актерката и театролог, Христина Цветановска.



Атмосферата беше позитивна и разиграна, со млади актери и актерки со различни нивоа на искуство, возрасти и различни интереси. Но затоа, колаборативниот дух на активностите предизвика прекрасен колективен труд и секакви различни вежби за поттикнувањето на добра актерска изведба. 




20:00 – Опуштено со Долорес Поповиќ 



Пред проекциите на филмовите, публиката уживаше во гласот и укулелето на Долорес Поповиќ. Таа е театарска и филмска актерка, но исто така, го искористува нејзиниот прекрасен глас за да пее. Долорес ни свиреше свинг (swing) и сурф рок (surf rock) песни. Во атмосферата исто така, беше вклучено прекрасно зајдисонце и многу смеа и расположеност од страна на публиката. 



20:45Краткометражни филмови – официјална селекција
 



Подоцна во вечерта, ја проследивме официјалната селекција на краткометражни филмови:


„Choker“ (Давење)
Режија: Orson Cornick
Играат: Elena Kordelas, James Bailey
Должина: 4’
Држава: Велика Британија


„INDEX 669“ (ИНДЕКС 669)
Режија: Дејан Џолев
Играат: Слаѓана Вујошевиќ, Наталија Теодосиева, Синоличка Трпкова
Должина: 16’ 
Држава: Македонија 




„Good Night“ (Добра ноќ) 
Режија: Anthony Nti
Играат: Prince Agortey, Matilda Enchil, Goua Grovogui, Ma Abena
Должина: 20’
Држава: Белгија 


„Sycamore“ (Бел јавор)
Режија: Mehmet Tığlı
Играат: Mahmut Gökgöz, Barış Aksavas, Sefa Turan
Должина: 15’ 
Држава: Турција



По проекцијата следуваше Q&A [прашања и одговори] со режисерот на „Индекс 669“, [и нашиот главен и одговорен уредник на Скала магазин] Дејан Џолев.




ЏОЛЕВ: Не само што е важно сценариото да се пишува за Актерот, туку сценариото јас го пишувам заедно со Актерот.



ЏОЛЕВ: Доколку на мажите режисери им се забранува да обработуваат женски теми, тогаш да им препуштиме на животните да пишуваат басни. Патем овој филм не обработува женска тема, овој филм обработува педагошка тематика – за балансот помеѓу казнувањето и наградувањето на детето од страна на родителите, како и за подоцнежната фаза, кога истата одговорност им се доделува на нашите наставници.



21:35 „Lovecut“ 94’ – официјална селекција



Вечерта заврши со проекција на филмот „Lovecut“, од германските режисерки: Iliana Estañol и Johanna Lietha. „Lovecut“ е филм за шест тинејџери во Виена со различни приказни коишто се суптилно испреплетени. Филм за идентитет, љубов и сексуалност во забрзано, дигитално општество коешто нуди и можности и предизвици.


______
Ве очекуваме и денес на Beach Film Festival, а се читаме и утре на Скала Магазин!


Марија Јаќовска е студент на Факултетот за ликовна уметност во Скопје, отсек графика и студент на Академијата за визуелни уметности во „Џолев и уметностите“. Ја сака природата - посебно цвеќињата, дрвјата, езерата, ги сака животните - посебно мачињата, јагнињата, елените, си сака уметностите - посебно ликовната, фотографијата, филмската.

ПОВЕЌЕ ОД АВТОРОТ