• Немате производи во кошничката.

Beach Film Festival // фотографски импресии IV


Фотографски импресии од фото-камерата на Антонио Станков и тефтерот на Марија Јаќовска. Ден четврти, на третиот фестивал на нов европски филм „Beach Film Festival“. 


25.07.2020



10:00Работилница за актерска игра: „Озвучи ја својата имагинација – ден 2“ 



Работилницата за актерска игра, „Озвучи ја својата имагинација“, под менторство на актерката и театролог, Христина Цветановска, продолжи со своите активности во гимназијата Св. Климент Охридски.




20:00 – Опуштено со Оливер Митковски



Пред проекциите, Оливер Митковски нè потсети на новото нормално. Музиката што ја слушавме го полнеше просторот со еуфорија, ни подигруваа нозете и ветрот скоро нѐ креваше. Имаше сино светло коешто многу сакаше да ме стопли. Колку ни треба да играме.



20:45Долгометражни филмови – официјална селекција
 


Водителот на фестивалот Томе Станковски излезе за да нè потсети на ситуацијата во којашто се наоѓаме, но и да покаже надеж дека еден ден ќе биде сѐ во ред и дека еден ден ќе играме пак. 

“Да бидеме внимателни, бидејќи невидливиот наш непријател може да нѐ чека во пресрет! “ -вели тој.




„Kala Azar“ (Кала Азар)
Режија: Janis Rafailidou
Играат: Penelope Tsilika, Dimitris Lalos 
Држава: Холандија




„Я свободен“ (Слободен сум)
Режија: Ilya Severov
Играат: Gleb Kalyuzhny, Grigory Vernik
Држава: Русија







Ве очекуваме и денес на Beach Film Festival, а се читаме и утре на Скала Магазин!

__________
Фотографија: Антонио Станков


Марија Јаќовска е студент на Факултетот за ликовна уметност во Скопје, отсек графика и студент на Академијата за визуелни уметности во „Џолев и уметностите“. Ја сака природата - посебно цвеќињата, дрвјата, езерата, ги сака животните - посебно мачињата, јагнињата, елените, си сака уметностите - посебно ликовната, фотографијата, филмската.

ПОВЕЌЕ ОД АВТОРОТ