• Немате производи во кошничката.

Beach Film Festival // фотографски импресии V



Импресии од фото-камерата на Антонио Станков и тефтерот на Марија Јаќовска. Ден четврти, на третиот фестивал на нов европски филм „Beach Film Festival“. 


26.07.2020



10:00 Работилница за актерска игра: Озвучи ја својата имагинација 



На последниот ден од работилницата по актерска игра, под менторство на Христина Цветановска, студентите имаа задача да изведат реплики од филм или претстава по нивен избор.




20:00 Опуштено со Сергеј и Борјан



Сергеј Димовски (актер) и Борјан Стојков (режисер) се двајца млади и амбициозни дечки кои припаѓаат на нашата филмска и театарска сцена, со добар вкус за музика. Последното зајдисонце, опуштено и полно со позитивна енергија.




20:45 – Краткометражни филмови / Официјална селекција 



I’m Calling Your Father (Ќе му се јавам на татко ти)
Држава: Северна Македонија / САД
Режија: Леон Ристов
Играат: Александар Андоновски, Николина Кујача, Оливер Митковски, Стефанија Јовческа, Марио Мијатовиќ
Должина: 12’




Следеше Q&A [прашања и одговори] со публиката и режисерот Леон Ристов, за „Ќе му се јавам на татко ти“, филм во продукција на „Џолев и уметностите“. Тој студира филм на Wesleyan University (САД) и е голем талент на нашата уметничка сцена. 



ЛЕОН: Мислам дека сите знаеме за сличен настан (како тој во филмот) од лично искуство или од блиски пријатели. Така и јас имав слично сеќавање потиснато во мојот мозок. Кога се сетив на истото, не можев да си поверувам дека мене тоа некогаш ми било нормално. Решив да направам филм којшто ќе му стави огледало на нашето општество и ќе го истакне секојдневието на насилството во него.


_____
Потоа продолжија и следните филмови:


Afterlife (Живот после смртта)
Држава: Руска Федерација
Режија: Pavel Ruzyak
Играат: Renat Zinnatov, Nelja Garjaeva, Miroslava Dolgopolova, Jana Guledza
Должина: 9’


The Little One (малиот)
Држава: Србија
Режија: Данило Бечковиќ
Играат: Славица Чуровиќ, Они Томила, Дарија Врачевиќ
Должина: 13’


School Bus (Школскиот автобус)
Држава: Турција
Режија: Ramazan Kilic
Играат: Ezgi Ay, Muttalip Müjdeci, Hüseyin Yıkılmaz, Doğan Dağ
Должина: 14’



_____
Оваа последна фестивалска ноќ, беа доделени и наградите за најдобри остварувања на фестивалот:




Кала Азар (Kala Azar) од Јанис Рафа (Janis Rafa) беше програсен за најдобар долгометражен филм.
Farmer’s blues (Iber Deari) беше прогласен за најдобар краткометражен филм.
Школскиот автобус (School Bus) од Рамазан Килич (Ramazan Kilic) ја освои награда „Стефан Сидовски“ за најдобар актер на Ezgi Ay.
Додека филмот Соба Број 16 (Room 16) од Влатко Владимиров, беше програсен за најдобар студентски филм на Beach Film Festival.



22:20 ТМ / Специјална проекција



Премиерно беше проектиран филмот „ТМ“ од Мартин Иванов и Ивица Димитријевиќ како специјална проекција. Приказна за еден млад дечко кој бега од самиот себе и своите проблеми, во осамената куќа на неговите починати родители во периферијата на градот (Радишани), каде што случајно доаѓа до записи од татко му, концепт за изградба на машина за патување низ времето. Една биографија за сите нас, за тоа како живееме во време од кое што сите сакаме да избегаме. 



Важно е да се истакне дека филмт „ТМ“ е без буџетен филм. Работен на основа на ентузијазам и љубов кон филмската уметност. Веднаш по проекцијата следеше Q&A [прашања и одговори] со режисерите Мартин Иванов и Ивица Димитријевиќ.



Исто така, беа прикажани и 3 краткометражни (од кои 2 беа анимирани) филмови како специјални проекции.


Snake (Змија)
Држава: северна Македонија
Режија: Андреј И. Волкашин
Играат: Ведран Делиџаков, Габриела Петрушева, Марјан Најдовски, Борче Нацев
Должина: 20’


Climate (Клима)
Држава: Северна Македонија
Режија: Александар Илиевски
Должина: 3’


Snakelet (Змијулче)
Држава: Северна Македонија
Режија: Кристина Гацова, Крсте Господиновски, Жарко Иванов
Играат: Владимир Лукаш, Димитар Николов, Жарко Иванов
Должина: 10’


Со ова го заокруживме и последниот ден од нашите фестивалски импресии.
Да останеме продуктивни и креативни цела година, и да се видиме и следното лето во Охрид.

__________
Фотографија: Антонио Станков



Марија Јаќовска е студент на Факултетот за ликовна уметност во Скопје, отсек графика и студент на Академијата за визуелни уметности во „Џолев и уметностите“. Ја сака природата - посебно цвеќињата, дрвјата, езерата, ги сака животните - посебно мачињата, јагнињата, елените, си сака уметностите - посебно ликовната, фотографијата, филмската.

ПОВЕЌЕ ОД АВТОРОТ