• Немате производи во кошничката.

БОШ ФЕСТИВАЛ: ДЕН I // ИМПРЕСИИ


БОШ ФЕСТИВАЛ: ДЕН I // ИМПРЕСИИ


Илијана Такашманова [пишувач] и Долорес Соколова [фотограф] споделуваат импресии од ден први на БОШ ФЕСТИВАЛ.


Фестивал којшто ја застапува урбаната култура со цел да се пренесе современата независна уметност како визуелна, перформативна и музика нормалност на територијата во Гевгелија. Артистот денес зафаќа значајно место во напорите за надминување на кризата во перцепцијата, односно, во надминување на духовната криза.

Настанот започна со естетската интуиција на младите девојки кои свиреа македонска изворна музика, а во позадина извираа композиции како скици од сеќавања и симболи од историја (Иван Ивановски), моменти од секојдневието отсликани со специфична перцепција во специфични услови (Ангел Миов). Една инсталација со поинаков пристап, костими поставени во просторот и со нивна десубјективизација, ставаат акцент на комплексноста и визуелната естетика.

Мултимедијалнен книжевен перформанс – СловоКулт со избрана македонска поезија, придржувана со ориенални звуци. Приказна со метафори, пријатна за следење те нурнува во длабочините каде што постојат корени од човечкото творење со зборови за метафизичкото.

Исток Улчар ни читаше стихови од неговата последна стихозбрика „Прој од пепел”. Тој стил на неговите избрани зборови е навидум многуслојноста и комплексноста на напишаното, но всушност совршено се вклопува со начинот на којшто ја води нарацијата.

Покрај него, гостуваа и други македонски поети, но слушавме и германска поезија, храброто доаѓање на млада поетеса.

Енергијата на фестивалот не те напушта, туку опседнува со љубопитност за она што те измолкнува.




ПРОГРАМА ДЕН 1:

  • ИЗВОРНО-МУЗИЧКИ ПЕРФОРМАНС / Серафина & Ангела (live)
  • САМОСТОЈНИ ИЗЛОЖБИ / „Home Sweet Home – 20“  – Ангел Миов / „Pulmorary Nodule“ – Иван Ивановски
  • ИНСТАЛАЦИЈА / „Смрт за кралицата“ – Anat Stefen и Factory Girl
  • МУЛТИМЕДИЈАЛЕН КНИЖЕВЕН ПЕРФОРМАНС / ГРУПНА ИЗЛОЖБА И МИНИ КОНЦЕРТ / „План Б за планетата Х или план Х за планетата А“ – СловоКулт :: литерАРТура:: Биенале на современи уметности.
  • Мултимедијален книжевен перформанс (текст/слика/звук) – Владимир Лукаш, Марија Грубор, Јовица Ивановски, Мануела Златкова, Јосип Коцев, Александар Кирковски, Елизабета Линднер Костадиновска (Ск/Бе), Гундула Шифер (Ге), Звонко Карановиќ (Срб), Танос Гогос (Гр) и Марија Дејановиќ (Хр).
  • Групна изложба – дела на уметниците Дорит Требелјар, Антон Шварцбах (Ге) и Ајке Леуен  (Фр) и македоснките колеги Елизабета Линднер Костадиновска (Ск/Бе), Ирена Паскали (Ск/Келн), Дијана Томиќ, Славица Јанешлиева, Иван Ивановски, Нина Гештаковска Цветковска, Велимир Жерновски и Марко Вујисиќ.
  • Видео презентација на германсиот поет Краус::Crauss и уредниците на берлинското авангардно списание за цртеж и текст Пролог :: Prolog, Дорит Требелјар и Антон Шварцбах.
  • Звук за настанот и завршен концерт – Тони Димитров.






Прочитајте го целото интервју со Марија Стојанова, организаторка на БОШ фестивал.




Се дружиме повторно и вечерва!

Илијана Такашманова е илустратор и графички дизајнер, студент на Академијата за визуелни уметности во Школата за дизајн и уметности „Џолев и уметностите“. Автор е на илустративниот проект wabi-sabi каде што комбинира пастелни стилизирани структури. Инспирирана е од длабоко испреплетени форми како систематика, објeктивно постоење на несовршености и дезорганизираност.

ПОВЕЌЕ ОД АВТОРОТ