• Немате производи во кошничката.
Сухи Скала магазин театар

СКАЛА ПОД ЧАДОР // Издвојуваме: 6 есеи од Суад Беговски-Сухи


Цел август ви споделуваме популарни објави, кои можеби сте ги пропуштиле.

Издвојуваме: 6 менторски есеи од Суад Беговски-Сухи реализирани во временски период од 2020/21.



АКТЕР-ПАТЕШЕСТВЕНИК

Секој актер/уметник треба да го пронајде сопственото (и ничие друго) место во Големата слика на животот. Ние, како поединци, сме само едно каменче од Големиот мозаик, каменче на кое треба да му дадеме значење, важност за неговото постоење; каменче на кое треба да му дадеме смисла за неговото место, за неговото нужно постоење во Големиот мозаик; да му дадеме суштинско значење на каменчето за Целината на мозаикот…




ОПШТЕСТВО-ПОЛИТИКА-ТЕАТАР

Актуелниот политички ангажиран театар, предизвикан од хаосот на нашиот општествено-политички систем, е никнат накриво. За жал, не го гледаме на сцена оној политички ангажиран театар за којшто говореле (и, пред сѐ, го практикувале) Е. Пискатор и Б. Брехт. Особено Е. Пискатор. 




ТИШИНА

Архитектурата не е машина за социјален и културолошки инженеринг, туку место каде што се поттикнува и во којашто се преклопува просторната и социјалната комплексност и повеќезначност на релациите во секојдневниот живот. Од ваквата мноштвеност  се создава архитектурата на градот (како тело-структура, но и како интеракција) каде што градот претставува поле на настани создадени од противречности произлезени од различноста на секоја индивидуа.




TИВКИОТ ВОИН

Очигледните вредности на животот се видливи за секој уметник. Но, затскриените вредности се воочливи само за одбраните уметници. Пред неколку години, еден од овие одбрани уметници „се спушти“ на сцената на златниот театар. И се случи чудо! Сјајот на МНТ-златото потемне пред духовниот сјај на Роберт Вилсон.




СРАМ

По Фриц, сѐ беше друго. 

А јас продолжив да се бавам со актерство.

Кога на нашиот пат по уметноста ќе го сретнеме идеалот по кој трагаме и тежнееме, кога ќе се соочиме со неговата божествена природа отелотворена во уметникот, тогаш тлото под нашите нозе ќе се раздрма, ќе бидеме исфрлени од рамнотежа од сознанието дека замислениот идеал по кој трагаме е недостижен за нас, недостижен поради сопствената ограниченост, просечност. Додека пред нас го гледаме божествениот лик на уметноста восхитувајќи се на неговата совршеност, нашата утроба истовремено го испушта својот внатрешен крик: „Ќе ме изеде срамот“.




СОГОЛУВАЊЕ-ГЛАСНО ЗА НЕШТАТА КОИШТО СЕ ШЕПОТАТ

Денес т. н. политичка сцена е претворена во простор за испуштање на крикови и само крикови. Но, ако крикот не е „корисен“, тогаш тој не води никаде, освен во нов крик или удвојување на стариот крик. Корисен крик значи преобразен крик, претворен во енергија/орудие за ослободување од крикот. Ваков беше сонот на Б. Брехт – општествениот крик да го преобрази во сила којашто гледачот ќе ја искористи како орудие за дејстување и менување на општествените состојби.

Скала Магазин е прва студентска платформа за дизајн и современа уметност, отворена за промоција на домашните млади креативци, поврзување на студентите и независните артисти со организациите и компаниите, како и следење и поддржување на културните настани и сцена.

ПОВЕЌЕ ОД АВТОРОТ