• Немате производи во кошничката.

I see butterflies

5,000.00ден

1 на залиха

Инфо:

Опис

Дизајнер
Котев Ксенија вдахнува живот во филигранската уметност, создавајќи нови форми и истражувајќи нов универзум. Таа креативно ја имплементира својата страст кон накитот уште од самиот почеток на нејзината кариера. Приказната на Котев Ксенија започнува во инспиративната Италија каде што дипломира на Accademia Italiana во Фиренца на моден дизајн. Магистерските студии за модни додатоци (чанти, чевли и накит) ги завршува во Милано на Domus Academy.

Восхитена од чистотата на среброто, курсот по филигранство го завршува во Скопје. Сивилото на среброто, неговата моќ и скапоценост доминираат целосно во приказните раскажани од КК дизајн.

Колекција
Оваа колекција е составена од три дела. Три групи со по седум парчиња накит. Првата група го носи името на самата колекција „Rebirth”, втората група е „I see butterflies” и третата е „Aqua”. Станува збор за своевидно ново раѓање на Котев. Излегувањето од кожурецот ја носи симболиката на живеењето и единствен начин да ги рашириме крилјата како битија. Додека пак, водата како извор на живот ни ја чисти душата.

Дополнителни информации

Бренд

Котев Ксенија

Материјал

Сребро