• Немате производи во кошничката.
TOP
Image Alt

ЏОЛЕВ И УМЕТНОСТИТЕ Х КОПЧЕ

ЏОЛЕВ И УМЕТНОСТИТЕ Х КОПЧЕ

Идејата за овој добротворен проект се роди на крајот од минатата година, период на сумирање на доживеаното во годината преполна со искушенија, но и на надеж за нов почеток. На студентите на Академијата за моден дизајн, им беше предложен проект којшто подразбираше преупотреба и различни типови интервенции врз постоечка облека, со цел да создадат нови модни парчиња, коишто понатаму по пат на продажба би генерирале средства за скромна помош на некоја социјално загрозена група. Иако, студентите беа на почетокот на нивната професионална обука, дел од нив со голем ентузијазам го прифатија учеството во добротворната акција. Некои од нив, радикално прекројуваа облека и ја доработуваа со вез, сликање итн., други решија да подарат драги парчиња облека, коишто со освежен стајлинг и доработени додатоци, би можеле да добијат нов живот. Во градењето на дел од изгледите беа употребени архивски парчиња од некогашни колекции на менторот Никола Ефтимов, исто така ставени на продажба.

 

Паралелно со овој проект, се случуваше акција за собирање стара облека во соработка со „Копче“, на којашто покрај студентите на Академијата за моден дизајн, се приклучија и останатите академии и други добронамерници.

______

Учесници во проектот: Бојан Звездаковски, Предраг Трајковиќ, Кристина Маринчевска, Марко Пешов, Климентина Дукоска, Верица Наковска, Андријана Павловски и Теодора Клинчарова-Стојевска.
Координатор на проектот: Никола Ефтимов.

 

Стајлинг тим: Теодора Клинчарова-Стојевска, Марко Пешов и Климентина Дукоска.
Асистент за стајлинг на фотографското снимање: Теодора Клинчарова-Стојевска.
Фотограф: Антонио Станков.
Модели: Тадеа Павловска и Никола Андоновски (Моделс Ин).
Шминка: Милена Косич (Школа за убавина Арт).
Фризура: Октај Сејди.


ПРОДАВНИЦА: ЏОЛЕВ И УМЕТНОСТИТЕ X КОПЧЕ
КУПИ ДИЗАЈН // ПОДАРИ ДИЗАЈН

КОН ПРОДАВНИЦА