Поткаст: Студент Vs. Ментор [Е01] // Немања Пејиќ Vs. Гордана Вренцоска [Графички дизајн]
5.54k
Студентите испрашуваат - менторите одговараат! „Студент VS Ментор“ е нашата нова видео рубрика каде што студентите на SKALA School [поранешно „Џолев и уметностите“] имаат можност да поразговараат еден на еден со менторите и да ги прашаат згодни и незгодни прашања.
АКАДЕМИЈА: Графички дизајн [погледни повеќе] ПРЕДМЕТ: Методологија на дизајн МЕНТОР: Гордана Вренцоска СТУДЕНТ: Немања Пејиќ -- -- Гордана Вренцоска е дипломирана сликарка и уметница со широк распон на креативните крилја. Таа е основач и претседател на Македонскиот совет за дизајн. Автор е на познатиот плакат за Скопскиот џез фестивал во 2002 година и визуелниот идентитет за Скопскиот филмски фестивал во 2008. Ја доби престижната стипендија Чивнинг, каде магистрирала дизајн на Central Saint Martins School of Art & Design. Во 2014 доби и реномиран грант за уметници од фондацијата Pollock-Krasner, Inc. од Њујорк. Победничка е на натпреварот за дизајн на шапка кој го распиша британската компанија за чај, Тwinings. Авторка е на бројни уметнички и дизајнерски проекти, стручни и научни текстови, како и на книгата „Македонски визуелен идентитет: дизајнот како можност за еволуција на традициите од визуелното културно наследство“. Изложувала свои дела во многу европски и светски градови. Редовен професор е по визуелна уметност и дизајн и деканка на Факултетот за арт и дизајн при Европскиот универзитет во Скопје.
VS.
Немања Пеијќ љубител на уметноста и фотографијата кој своето средно образование го завршува во државното средно уметничко училиште „Лазар Личеноски“ на смерот сликарство. Денес е студент на Академијата за графички дизајн при школата за дизајн и уметност - Скала, додека пак своето слободно тату-артист. -- -- ТВ РЕДАКЦИЈА РЕЖИЈА: Мартин Чичовски КАМЕРА И ТОН: Ана В’чкова МОНТАЖА: Мартин Чичовски АНИМАЦИЈА: Андријана Антова АСС. Немања Пејиќ SKALA SCHOOL 2023
★ Ние сме SKALA School 11 Години // Академии за дизајн [прочитај повеќе]
★