• Немате производи во кошничката.
скала магазин

ЗА НАС

Глас на новата сцена!

Скала Магазин е студентска платформа за дизајн и современа уметност, отворена за промоција на домашните млади креативци, поврзување на студентите и независните артисти со организациите и компаниите, како и следење и поддржување на културните настани и сцена.
Платформата е резултат на соработка помеѓу студентите, менторскиот кадар и менаџментот на Школата за дизајн и уметност „Џолев и уметностите“, со поддршка од Институтот за дизајн и технологија (ИДТ Скопје).
Скала Магазин – гласот на новата сцена!

РЕДАКЦИЈА

Дејан
Џолев

Dejan za nas
Главен и одговорен уредник

Филмски режисер и визуелен уметник со јавно самостојно, групно и фестивалско претставување на филмски, театарски, фотографски, дизајнерски и пишани дела. Наградуван и пофалуван дома и во странство.

Последно јавно претставување, самостојна фотографска изложба “Тркалезни форми” во Галерија Прима Центар во Берлин, Германија.

Основач и ко-сопственик на Џолев и уметностите.

@dejan.djolev

Eлена
Божиновска

Уредник на пишувачки оддел

Младински работник, активистика и ко – основачка на апликацијата Walkiie. Елена е редовна студентка при Универзитетот Американ колеџ [насока: Маркетинг]  и студентка на Академија за графички дизајн при „Џолев и уметностите“. Таа е главен пишувачки уредник на Скала магазин.

Антонио Станков

Уредник на фотографија

Хипер-продуктивен портрет и моден фотограф – основач на фотографското студио „Студио рум“. Редовен студент при Универзитетот Американ колеџ [насока: Маркетинг] и алумни студент во Џолев и уметностите на Академијата за визуелни уметности, додека денес Асистент на предметите „фотографија“ и „пост-продукција на фотографија“. 

@stankovantonio

Андреј
Павлов

Уредник на
креативен тим

Дип. Индустриски дизајнер и илустратор aктивен на локалната и странската сцена, каде зад себе има неколку самостојни и колективни изложби и инсталации.

Творец на илустрации проследени од една континуирана линија и форми испирирани од човечкото тело и градот околу нас.

Алумни од Џолев и уметностите, кадешто работи како графички дизајнер. 

 

@echo_of_the_eqinox

Aна Голејшка
Џикова

Пишувачки уредник

Mакедонска писателка. Дипломирала на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет. Веќе три години е посветен социјален активист како дел од иницијативата #ретвитниоброк. Голејшка сака да пее и да изведува, ужива во храната и во готвењето. Во септември 2013 година ја издаде својата прва книга, „Љубов на улица“, поезија за ритамот на нејзиниот живот. Со свои песни е преведена на српски, турски и англиски јазик.

@golejshka

ОСТАНАТА РЕДАКЦИЈА

ПИШУВАЧИ


Марија Пејоска
Андреј Медиќ Лазаревски
Ева Николоска

Ангела Бошкоска

КРЕАТИВЕН ТИМ


Дејан Ичев Илустратор
Гаја Смилевска Илустратор
Сара Секуловска Илустратор
Ана В’чкова Фотограф
Андријана Антова Фотограф
Стефани Караџовска Видеограф
Андреј Игњатовски Видеограф
 

АДМИН ТИМ


Георгиј Голабоски Девелопер
Николче Јакимовски Лектор
Кристина Крагујевска Правник
Оливера Матакова Финансии
Бранко Кордовски Маркетинг
 

НАДВОРЕШНИ СОРАБОТНИЦИ

КОЛУМНИСТИ


Суад Беговски – Сухи [театар]
Јелена Џокиќ [индустриски дизајн]
Кристина Крагујевска [интелектуална сопственост]
Крсто Златков [образование и кариера]
Драги Неделчевски [фотографија]
Јована Филиповиќ [моден дизајн]
Теа Беговска [театар]
Никола Ефтимов [моден дизајн]
 

ДОПИСНИЦИ


Тодор Стојанов [моден дизајн]
Јована Јованова [индустриски дизајн]
Небојша Вилиќ [современа уметност]
Милан Мијалковиќ [современа уметност]
Владимир Јанчевски [современа уметност]
Петар Павлов [дизајн]