4,500.00ден
Бренд
„ЛИПА е дел од мојата керамичка и воопшто творечка дејност, којашто е посветена на функционалната и утилитарна керамика. Користам, пред сè, различни видови на тврда глина – каменина, којашто е непорозна и има одлични карактеристики за користење во секојдневието. Глазурите ги спремам сама, тие ми се посебен предизвик уште од самиот почеток и се целосно безбедни за употреба со храна“ – Анета Попова.
Колекција
„Помеѓу скулптуралното и функционалното“ е мини серија од скулптурални чинии, коишто ја преиспитуваат функцијата на чинијата и фигурираат во некој апстрактен меѓупростор. Повеќето од чиниите се декоративни, иако глазурите коишто се употребени се food safe, мешавината со останатите материјали како камења и сл. и распуканите ивици или пукнатини, сепак го ограничуваат или отежнуваат стандардното користење. Чиниите може да се трансформираат во ѕидни елементи, со додавање на конструкција за закачување во позадина.
Димензии | 26 × 4 cm |
---|---|
Бренд | Lipa |
Материјал | Глина каменина, глазура, микс од земјени материјали |