Факултетите и академиите за дизајн и уметност оваа година со одлични понуди за студентите
Август за многумина е месец на одлуки. Една од поголемите одлуки се наоѓа пред идните студенти. Изборот на образование, а со тоа и на потенцијална кариера, е еден од рубиконовите моменти за секој иден студент, кој во даден момент од животот се наоѓа пред таква одлука. Во сферата на уметноста и дизајнот, студентите во нашава држава имаат неколку интересни опции пред себе. Некои од уметничките факултети како дел од процесот на селекција на идните студенти, имаат и приемни испити како начин за проверка на знењата и умеењата. Некогаш ова претставува дополнителен мотив за оние кои изобилуваат со својот талент, навистина да си го пронајдат вистинското место како нови творци во креативните индустрии.
„Скала магазин“, ова лето направи преглед на можните високообразовни институции во сферата на дизајнот и уметноста, на коишто можете да се запишете во наредната академска година.
ФДУ (Факултет за драмски уметности)
Факултетот за драмски уметности како таков, постои од 1979 година, кога се одвојува од тогашната Висока музичка школа, каде што како Оддел за драмски актери постои уште од 1969 година. Факултетот за драмски уметности-Скопје, е уметнички факултет и научно-наставна институција од подрачјето на драмските уметности, во којшто се изведуваат универзитетски студии од областа на театарот, филмот и телевизијата низ уметничко и научно творештво, продукција и јавно прикажување на уметничките остварувања, како и издавање на книги и публикации. Универзитетските студии по драмско актерство, драматургија, театарска режија, продукција, филмска и тв-режија, филмско и тв-снимање и филмска и тв-монтажа, траат осум семестри или четири години, според ЕКТС.
Факултетот за драмски уметности оваа година има слободни места по студиските програми:
Продукција
Број на студенти: 10
Уписи: 26 и 27 август
Школарина: државна квота: 200 евра, приватна квота: 400 евра
Почеток: 1 октомври 2021
Актерска игра
Број на студенти: 10 Уписи: 26 и 27 август Школарина: државна квота: 200 евра, приватна квота: 400 евра Почеток: 1 октомври 2021 Прочитајте повеќе на следниот линк:
ФЛУ (Факултет за ликовни уметности)
Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје е формиран во 1980 година. Сместен е во три објекти на две различни локации, од коишто едниот дел се наоѓа во културно-историскиот споменик од 15 век, Сули-ан во Старата турска чаршија, а другите два објекта се лоцирани во населбата Тафталиџе. Следејќи ги глобалните општествени промени, факултетот од основањето до денес минал низ повеќе образовни реформи. Во текот на четиригодишните студии, наставата по матичните стручни предмети се реализира на катедрите по сликарство, скулптура, графика и педагогија.
Факултетот за ликовни уметности оваа година има слободни места по студиските програми:
Графика
Број на студенти: 12
Уписи: од 8 до 27 август-електронски, 26 и 27 во факултетот
Школарина: државна квота: 200 евра, приватна квота: 400 евра
Почеток: 1 октомври 2021
Вајарство
Број на студенти: 10
Уписи: од 8 до 27 август-електронски, 26 и 27 во факултетот
Школарина: државна квота: 200 евра, приватна квота: 400 евра
Почеток: 1 октомври 2021
Сликарство
Број на студенти: 12
Уписи: од 8 до 27 август-електронски, 26 и 27 во факултетот
Школарина: државна квота: 200 евра, приватна квота: 400 евра
Почеток: 1 октомври 2021
Ликовна педагогија
Број на студенти: 10 Уписи: од 8 до 27 август-електронски, 26 и 27 во факултетот Школарина: државна квота: 200 евра, приватна квота: 400 евра Почеток: 1 октомври 2021 Прочитајте повеќе на следниот линк
Архитектонски факултет
Во текот на своето 65-годишно постоење, факултетот поминал низ неколку значајни развојни фази. Првите студии по архитектура биле организирани во 1949 година во рамките на новооснованиот Технички факултет со два оддела: архитектонски и градежен. Подоцна, во 1955 година, во рамките на Техничкиот факултет, формиран е Архитектонско-градежниот факултет со два оддела: архитектонски и градежeн. Во 1976 година, архитектонскиот оддел прераснал во самостоен Архитектонски факултет со единствена студиска програма по архитектура во траење од девет, односно десет семестри. Од 2007 година Архитектонскиот факултет работи според студиската програма на интегрираните петгодишни студии (студии од прв и втор циклус) по архитектура, согласно Европскиот кредит трансфер систем (ЕКТС). По завршувањето на студиите по архитектура студентите се стекнуваат со звањето магистер инженер архитект (Master of Architecture), а завршувањето на овој вид студии овозможува пристап до професијата архитект, односно право да се биде носител на изработка на проектна и планска документација.
Архитектонскиот факултет оваа година има слободни места по студиските програми:
Архитектура
Број на студенти: 190 Уписи: 26 и 27 август Школарина: државна квота: 200 евра, приватна квота: 400 евра Почеток: 1 октомври 2021 Прочитајте повеќе на следниот линк
AUE- FON (American University of Europe – FON)
Факултетот за дизајн и мултмедија е еден од факултетите при American University of Europe – FON. Целта на Факултетот за дизајн и мултимедија е да подготвува дипломирани дизајнери во областите: графички дизајн, мултимедија и моден дизајн. Студиската програма на Факултетот за дизајн и мултимедија, овозможува изведување на современа и квалитетна настава со примарна цел: подготовката на студентите за успешна кариера во комплетна образовна, уметничка и научно-истражувачка средина.
AUE- FON (American University of Europe – FON) оваа година има слободни места по студиските програми:
Графички дизајн, мултимедија, моден дизајн
Број на студенти: 80 Уписи: низ цела година Школарина: 1350 евра година Почеток: 1 октомври 2021 Прочитајте повеќе на следниот линк
Деканот на овој факултет, проф. д-р Игор Шокаровски, ни даде кратка изјава за какви кариерни можности ги очекуваат студентите по завршувањето на факултетот.
Скала: Какви кариерни можности добиваат по завршувањето? Проф. д-р Игор Шокаровски: Во моментов, на Факултетот за дизајн и мултимедија, студираат во сите 5 години-270 студенти. Досега, низ студиските програми на нашиот факултет дипломирале, специјализирале и магистрирале вкупно, околу 400 студенти на прв и втор циклус на студии. Околу 74% од нив се вработени во печатени и електронски медиуми, маркетинг-агенции, истражувачки институции, телевизии, продукции, анимациски студија и студија за специјални ефекти, филмската индустрија, маркетинг -агенциите, мрежните медиуми, модната сцена, институциите за продукција на сценско -музички дела како театрите, оперските и балетските ансамбли, владините институции , невладиниот сектор и се разбира, фрилансерите кои заработуваат, бидејќи оваа високо-образовна диплома во исто време, оформува кадри кои имаат занает и научно-истражувачки и стручно уметнички познавања, коишто насекаде во светот се исти и особено барани.
ЕУРМ (Европски универзитет) – Факултет за арт и дизајн
Факултетот за арт и дизајн при ЕУРМ е основан и акредитиран во 2006 година. Неговите основни принципи се темелат врз изучување на уметноста и дизајнот преку теоретска и практична настава, со акцент на интердисциплинарниот пристап во креативноста.
На Факултетот за арт и дизајн, сe обучува специјализиран кадар на дизајнери, кои своето знаење го имплементираат во три значајни области во уметноста како креативен израз, а тоа се: графичкиот, модниот и дизајнот на ентериер. Дипломираните дизајнери, едуцирани според европски и светски стандарди, ќе можат успешно да го имплементираат стекнатото знаење во нашата земја, овозможувајќи подобрување на квалитетот на производите и услугите во стопанството и нивна поголема конкурентност на европските пазари. ЕУРМ (Европски универзитет) на Факултетот за арт и дизајн оваа година има слободни места по студиските програми:
Графички дизајн, ентериер–дизајн, моден дизајн
Број на студенти: 50 Уписи: низ цела година Школарина: 1250 евра година Почеток: 1 октомври 2021 Прочитајте повеќе на следниот линк
Деканот на овој факултет, проф. д-р Гордана Вренцоска, ни даде кратка изјава за какви кариерни можности ги очекуваат студентите по завршувањето на факултетот.
Скала: Какви кариерни можности добиваат по завршувањето? Проф. д-р Гордана Вренцоска: Добар дел од студентите се вработуваат во наши партнерски фирми и организации во коишто реализирале студентска пракса, а тоа особено нè радува. Дел од нив продолжуваат да ја градат својата кариера во семејните компании, а дел од нив основаат сопствени студија и фирми за дизајн. Нашите студенти се вработуваат во агенции за маркетинг, издавачки куќи, печатници, медиуми, ИТ- компании, модни куќи, фабрики за мебел, галерии, малопродажба. Има такви кои фунцкионираат независно, како фрилансери. Некои од нашите поранешни студенти, предаваат во рамки на формалните и неформалните школи за дизајн, што значи дека покрај дизајнерските проекти се остваруваат и на полето на едукацијата. Имаме алумни кои успешно работат кај нас, но и такви кои одлично го применуваат своето знаење и во странство.
Школа за дизајн и уметност „Џолев и уметностите“
Џолев и Уметностите” е школа за дизајн и уметност, којашто веќе 10-та година по ред креира и организира програми во вид на академии и обуки. Школата практикува нетрадиционални и флексибилни едукативни методи на настава во соработка со еминентни универзитетски професори и професионалци од индустријата. Единствена Школа за дизајн и уметност која им овозможува на студентите: современо фото и видео студио, технолошка лабараторија со таблети за цртање и 3Д принтери, комплетно опремено модно атеље, цртачко и сликарско атеље и материјали за работа.
Оваа учебна 2021/22 година, школата ќе запише 120 студенти на едно-годишните Акадмии за дизајн, и тоа:
Академија за визуелни уметности
Број на студенти: 20 Уписи: до почетокот на академијата Школарина: 2350 евра година Почеток: 15 октомври 2021 Прочитајте повеќе на следниот линк
Академија за графички дизајн
Број на студенти: 20 Уписи: до почетокот на академијата Школарина: 2350 евра година Почеток: 15 октомври 2021 Прочитајте повеќе на следниот линк
Академија за продукт дизајн и ентериер
Број на студенти: 15 Уписи: до почетокот на академијата Школарина: 2350 евра година Почеток: 15 октомври 2021 Прочитајте повеќе на следниот линк
Академија за моден дизајн
Број на студенти: 15 Уписи: до почетокот на академијата Школарина: 2350 евра година Почеток: 15 октомври 2021 Прочитајте повеќе на следниот линк
Академија за веб–дизајн
Број на студенти: 20 Уписи: до почетокот на академијата Школарина: 2.450 евра на рати, 2.250 евра во готово Почеток: 15 октомври 2021 Прочитајте повеќе на следниот линк
Генералниот менаџер на школата Крсто Златков, ни даде кратка изјава за какви кариерни можности ги очекуваат студентите по завршувањето на академиите. Златков: „Џолев и Уметностите” е школа за уметност и дизајн, којашто веќе 10-та година по ред креира и организира програми во вид на академии, обуки. Оваа академска година, секој студент може да избере дали програмата ќе ја следи со физичко присуство на целата настава, во однос на теоретскиот и практичниот дел, или пак, ќе одбере комбинирана настава, или пак, целосно ќе ја следи програмата онлајн.
Машински факултет
Индустриски дизајн
Студиите по машинство започнуваат есента 1959 година на Техничкиот факултет во Скопје, во рамките на којшто бил формиран Електро-машински отсек.
Последната реформа на студиските програми на Машинскиот Факултет беше во 2004 год., којашто ги внесе новите трендови од областа на машинството. Денес, Машинскиот факултет во Скопје, нуди образование коешто одговара на последните трендови на европската област за високо образование, како ЕКТС и постулатите на Болоњската декларација. Студиските програми се согласно потребите за производство на кадар кој ќе одговори на барањата за развој на индустриските гранки во Република Македонија, кадар кој ќе одговара на потребите на светски познатите компании. Машинскиот факултет на Отсекот-индустриски дизајн, оваа година има 40 слободни места.
Индустриски дизајн
Број на студенти: 40 Уписи: 31 август, 1 септември Школарина: 200 евра - државна квота, 400 евра - приватна квота Почеток: 1 октомври 2021 Прочитајте повеќе на следниот линк
Технолошко-металрушки факултет
Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје е истакната образовна и научно истражувачка институција, формирана во далечната 1959 година. Од 1965 година влегува во составот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, во чиишто рамки работи и денес.
Во своето повеќедецениско постоење, оваа институција дала значителен придонес во развојот на македонското стопанство, првенствено преку обезбедување на висококвалитетен и соодветно образуван кадар, притоа секогаш следејќи ги современите пазарни трендови и научни текови.Смер на овој факултет којшто има за цел да обучи кадар во креативните индустрии е Отсекот за дизајн и инженеринг на облека, каде што е предвидено да се запишат 35 студенти.
Дизајн и инженеринг на облека
Број на студенти: 35 Уписи: 31 август, 1 септември Школарина: 200 евра - државна квота, 400 евра - приватна квота Почеток: 1 октомври 2021 Прочитајте повеќе на следниот линк:
Факултет за дизајн и технологии на мебел и ентериер – Скопје
Факултетот за дизајн и технологија на мебел и ентериер претставува единствена високообразовна и научно–истражувачка установа од областа на технологијата на дрво и дизајн на мебел и ентериер. Оваа година на Смерот за проектирање и технологија на мебел и ентериер предвидено е да се запишат 55 студенти, додека на Смерот-дизајн на мебел и ентериер- 80 студенти.
Проектирање и технологија на мебел и ентериер
Број на студенти: 55 Уписи: 31 август, 1 септември Школарина: 200 евра - државна квота, 400 евра - приватна квота Почеток: 1 октомври 2021 Прочитајте повеќе на следниот линк
Дизајн на мебел и ентериер
Број на студенти: 80 Уписи: 31 август, 1 септември Школарина: 200 евра - државна квота, 400 евра - приватна квота Почеток: 1 октомври 2021 Прочитајте повеќе на следниот линк
University American College Skopje (Факултет за архитектура и дизајн – ФАД)
Универзитет Американ Колеџ Скопје е високообразовна институција која ги комбинира најдобрите образовни методи и практики од американскиот и европскиот образовен систем. УАКС е основан под закрила на мотото дека сите луѓе се збогатени преку образованието. Основан во 2005-та година, како еден од неколкуте приватни и независни универзитети во Македонија, ја стекнува својата првобитна акредитација од страна на Одборот за акредитација и решението за вршење високообразовна дејност од страна на Министерството за образование и наука на РМ.УАКС се смета за Универзитет од третата генерација – универзитет кој е незавизен од владина поддршка, спроведува настава воглавно на англиски јазик, и функционира во рамки на регионален или глобален пазар.
University American College Skopje – UACS оваа година има слободни места кај следните смерови:
• Архитектура
• Внатрешна архитектура
Број на студенти: 80 Уписи: прв уписен рок до 31.08.2021, втор уписен рок од 01.09.2021 до 01.10. 2021 Школарина:Архитектура: 2100 евра година Внатрешна архитектура: 1900 евра годинаПочеток: 13 септември 2021 Прочитајте повеќе на следниот линк