Зоран Кардула го дизајнираше првиот македонски Swatch
3.43k
„Божиновски часовници и накит“ со гордост го претставува првиот македонски дизајниран Swatch, кој е дел од платформата „СВОЧ НА КИРИЛИЦА“, потпишан од македонскиот дизајнер и сликар Зоран Кардула.
„Првата буква од креативната азбука која ја започнавме со оваа платформа, по повод триесетгодишнината од независноста ја издвоивме за познатиот македонски дизајнер и сликар Зоран Кардула. Првата илустрација му ја доверивме на Кардула како еден од најзначајните илустратори кој го одбележува ова наше време“, објаснуваат од „Божиновски часовници и накит“. Часовникот е издизајниран со мотиви од познатата едиција „Жени“ на авторот и симболично го доби името Дениција, инспирирани од загонетната и бескрајна љубов која ја опејува еден од најзначајните македонски писатели, Петре М. Андреевски. Име кое асоцира на изгрејсонце, на ѕвездата Деница, на светлина, плодност, убавина, но и на нашата татковина. Дениција е првиот часовник од специјалната едиција „Своч на Кирилица“, која Божиновски ја реализира по повод триесетгодишнината од независноста. Сите часовници кои ќе бидат издадени ќе имаат колекционерска вредност и ќе бидат достапни во ограничена симболична количина од 30 парчиња. Првиот македонски Swatch наскоро ќе биде изложен во салоните на Божиновски. Платформата „Своч на Кирлица“ има за цел да ги мобилизира и поддржи креативците од Македонија и преку нивната креативна енергија, да го обои времето кое доаѓа со повеќе шаренило, среќни и убави моменти. Loading…