• Немате производи во кошничката.

ПИСМО ОД ДИЈАСПОРАТА: Лилика Стрезоска // Берлин


ЕДНАШ МЕСЕЧНО ВО САНДАЧЕ НИ ПРИСТИГA „ПИСМО ОД ДИЈАСПОРАТА“. ЦЕЛТА НА ОВАА РУБРИКА Е ДА СЕ ЗАПОЗНАЕМЕ СО МЛАДИТЕ АВТОРИ И СТУДЕНТИ ПО ДИЗАЈН И УМЕТНОСТ КОИ РАБОТАТ ОДНОСНО СТУДИРААТ НАДВОР ОД ДОМАШНAТА АДРЕСА.

ЛИЛИКА СТРЕЗОСКА // ВИЗУЕЛЕН АРТИСТ // СТУДЕНТ: Визуелна комуникација Берлин // БЕРЛИН, ГЕРМАНИЈА


Драга Скала,

Во последните неколку недели, Берлин повторно почнува да се буди и да се чувствува како забавен град што сите го познаваме и сакаме. Музеите конечно ги отворија вратите за посетителите, со извонредни изложби, коишто вредат да се посетат.

 Јас имав голема среќа да најдам карти за долгоочекуваното 70-годишно истражување на Јајои Кусама и нејзините Бесконечни соби! Би сакала да го споделам моето искуство и неколку фотографии со вас.






Јајои Кусама и нејзините Бесконечни соби, Берлин


Изложбата опфаќа 70-годишна кариера на Кусама, почнувајќи хронолошки со нејзиното детство во Матсумото, Јапонија, каде што ги има своите први инсталации. На самиот влез во музејот Групиос Бау, те пречекува еден огромен букет во којшто сосема се губиш и се чувствуваш како дел од нејзините точки. Во секоја нејзина соба, се соочуваш со нејзината енергија и својата психолошка издржливост. Секоја декада од нејзиниот опус е исполнет со емоции и бесконечност.


“Kusama’s work has come full circle” Today, the viewer is invariably plugged headfirst into all consuming Kusama’s universe, where the other world fully mirror Kusama’s inner world”

 Оваа реченица, исто ми остави голем впечаток на крај.



Јајои Кусама и нејзините Бесконечни соби, Берлин


 Ах, после изложбата имав време да тркнам до Модулор, каде што ги урамувам моите фотографии. Модулор ми е едно од омилените места, каде што оди дел од моето време. 





Модулар, Берлин


Иако после изложбата на Кусама, сѐ друго околу мене ми се виде мало, вреди кратко да ви раскажам за Dark Matter!

Dark Matter е аудиовизуелна изложба на уметникoт Кристофер Баудер. Во темните индустриски сали се наоѓаат седум импресивни инсталации коишто имаат за цел да ве пренесат во друг свет со своите кинетички светла и 3Д-звучни системи.










Пред да ве поздравам, годинава исто така, имав можност да присуствувам на предавање од една моја драга професорка, Јона. A за успешно завршен семестар, си ја купив и нејзината монографија. Дефинитивно вреди да се прочита.


“Graphic Design in Museum Exhibitions Display, Identity and Narrative” од авторката Jona Piehl





До следна средба,
Ве гушкам од Берлин!

Лилика





Скала Магазин е прва студентска платформа за дизајн и современа уметност, отворена за промоција на домашните млади креативци, поврзување на студентите и независните артисти со организациите и компаниите, како и следење и поддржување на културните настани и сцена.

ПОВЕЌЕ ОД АВТОРОТ