• Немате производи во кошничката.

Отворен повик за креативни дела на тема „Другите“ (Тhe Others)


Што се другите за вас? Што е тоа што ве разделува, а што ви е заедничко? Какви желби и интереси имаат другите, каква приказна носат во себе, што ги прави среќни, а што тажни? Дали избирате да го гледате она што ве дели или да го цените она што ве поврзува?

Секојдневно се разминуваме со секакви лица со кои не знаеме што нè спојува, а што нè разликува. Сликата за другите ја градиме самите, а секогаш е подобро да се прифатат и разберат отколку да се осудуваат и да потпаѓаат под стереотипи. Секој човек во себе носи приказна, носи маани и извонредни доблести. Кога ги разбираме другите, учиме повеќе за себе, повеќе за светот, избираме почит и го правиме животот поубав. Покажете ни го својот талент, разбирање и поимање за „Другите“ (Тhe Others).

Портрет“ во соработка со Фондацијата Фридрих Еберт ве кани да создадете слика, фотографија, текст, песна, илустрација или да се изразите на било кој начин за тоа како ги гледате луѓето околу себе. Колку се различни или колку се исти, како ги цените и уживате нивните различности и квалитети. Инспирирајте нè и потсетете нè, зашто на еден или друг начин сите сме луѓе. Бидете дел од приказната за прифаќање љубов и разбирање и испратете ги вашите креативни дела на contact@portretmag.com. Повикот трае до 31.12.2020 година, а наградените дела, избрани од посебна стручна Комисија ќе добијат објава на нивното дело и интервју во „Портрет“ магазин.

Победничките дела и делата на поголем број од учесниците, ќе бидат прикажани на организирана изложба во зависност од условите и состојбата со пандемијата на Ковид 19.

Ослободете ја вашата креативна мисла и препознајте ги „Другите“ околу вас!


_____
Преземено од пријателите Портрет Магазин.



Скала Магазин е прва студентска платформа за дизајн и современа уметност, отворена за промоција на домашните млади креативци, поврзување на студентите и независните артисти со организациите и компаниите, како и следење и поддржување на културните настани и сцена.

ПОВЕЌЕ ОД АВТОРОТ