Скала магазин со нов отворен повик за групна галериска изложба!
1.96k
ДРУГАРИ И ДРУГАРКИ, ДОБРО УТРО КРЕАТИВЦИ! НА ОВОЈ ПОВИК МОЖЕ ДА СЕ ПРИЈАВАТ СИТЕ АВТОРИ КОИ ИМААТ СТАВ ЗА ВИЗУЕЛНИ РАЗМИСЛИ НА ТЕМА: БУДЕЊЕ.
★
Уметничките дела може да бидат во било кој визуелен медиум: слики, фотографии, дигитални графики и илустрации, графики инсталации или скулптури. Секој автор може да пријави макс. 3 дела.
★
На конкурсот ќе бидат разгледани исклучиво дела кои се создадени во временски период помеѓу 22 октомври и 12 ноември, 2021 година. Делата кои ја обработуваат темата „будење“ во контекст на образование и општество ќе имаат предност при изборот.
★
Скала магазин има обврска да ги отпечати и врами делата, да ги изложи во галериски простор, да испечати мал каталог за изложбата, и да организира пригоден коктел за отворањето.
★
Од сите пријавени автори на конкурсот, стручно жири (кое ќе биде објавено заедно со резултатите) ќе направи избор на десет автори чии дела ќе бидат реализирани и изложени.
★
Пријавите дела мора да содржат: кратка наративна биографија (не повеќе од 200 зборови) од авторот, наслов на делото и медиум-техника. Материјалот да е на македонски јазик (со македонска поддршка).
★
Пријавите ги очекуваме најдоцна до 12.11.2021 на skalamagazine@gmail.com // сабџект: Добро утро креативци!
★ P.S. Затоа што вашата уметност припаѓа во галерија, а не на инстаграм!
★
ПОГЛЕДНИ ЈА ПОСЛЕДНАТА ИЗЛОЖБА
ПАТЕРН // ВИЗУЕЛНИ РАЗМИСЛИ ЗА СТЕРЕОТИПИТЕ
★
„Само пред десетина години, беше привилегија на секој автор да го истакне своето дело во јавен галериски простор. Денес социјалните медиуми ни овозможија инстантно да ја презентираме својата уметност, но истовремено оваа можност не оддалечи од публиката, социјалните медиуми всушност се асоцијални агори, и не само тоа, уметничкото дело, кога зборуваме за традиционалните визуелни медиуми се артефакти во физичка форма, и како такви, тие мора да бидат претставени во физички простор, а не виртуелен. На пример, фотографијата можеме да ја отпечатиме (и врамиме) метар на метар, тоа задоволство мониторот на нашиот паметен телефон неможе да ни го овозможи.“ - Изјави Дејан Џолев, главен уредник на Скала магазин.
★
Овој проект е поддржан од Democracy Lab. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на авторите, и не ги одразуваат оние на Демокраси Лаб.
★