• Немате производи во кошничката.
скала магазин печатено издание

Допир на слободата – второ печатено издание на „Скала магазин“


ПРОМОЦИЈА:
16 декември [петок] // 19:00ч.
КОТУР !!

Во време на дигитална конзумација на информации, печатено списание е како дар. Токму такво е и нашето второ издание на „Скала магазин“ – платформа за дизајн и современа уметност.  Подарок за сите што сакаат да ја „допрат“ слободата.

Не само што е тактилна дразба и визуелна радост, Скала Магазин е изобилие од годинешните настани, изложби, фотографии и лица кои ги зачувавме во преку 130 страници. А тоа не е воопшто малку!

Печатеното издание на Скала е во димензии 235 x 300мм, со вкупен број 136 страни. Трите типа висококвалитетна хартија му даваат особен шарм и уникатност: кундздрук од 300 грама, со uv лак, кунздруг од 150 грама, но и Бристол, волуменозна од 80грама. Закон!



Насловната фотографија е направена од RÊVE À DEUX - креативниот двоец:  Дејан Џолев и Антонио Станков. Вечната потрага по слободата и  ослободувањето се врамени во тие кадрирања на голото, ослободено тело на жената која како од Едемската градина, нема ни грам страв во раѓањето и освојувањето на новите пространства околу себеси. Моделот на фотографијата е Теодора Ангелевска, преку чија телесна експресија е претставена „Слободата“ во неколку фотографски секвенци.
Дизајнот на списанието го работеа Петар Павлов, ѕвер во имагинацијата и создавањето визуелни светови, Бисера Гиновска, која неуморно ги спојуваше парченцата мозаик додека да стигне до крајниот изглед и Дејан Џолев, кој ревносно ја водеше секоја секвенца од оваа приказна, за да на крајот го добиеме овој финален, спакуван, речиси совршен производ. Додека илустрациите се на магичниот Андреј Павлов, во соработка со Давор Кешќец, Гаја Смилевска, Ива Јованова и Стефан Танков.



ПРОДАВНИЦА: СКАЛА МАГАЗИН бр.2
КУПИ ПО ПРОМОТИВНА ЦЕНА

КОН ПРОДАВНИЦА





ШТО СЀ ИМА ВО СКАЛА:

Ќе влезете во дури 7 галерии: слики, постери, фотографии од наши студенти, истакнати уметници, нивни креативни дела и изрази.

Ќе дознаете низа убави нешта низ 8 есеи за дизајн и уметност – од архитектонско прецизни мисли, до разговорни расправи низ философијата на животот, ќе уживате во секој од нив: Стефан Сидовски – Сидо, Небојша Вилиќ, Слободан Велевски, Ѓоко Здравески, Петар Павлов, Суад Беговски – Сухи, Драги Неделчевски, Кристина Крагујевска.
Ќе прочитате 8 интервјуа со интересни соговорници чија креативна и уметничка слобода е императивот  поради кој сме горди што ги имаме во магазинот: Ана В’чкова, Јован Јосифовски, Ана  Тодоровска, Дарко Трајковски, Дејана Попоска, Ана Јакимска, Катерина Трпковска, Деспина Здравкова...






ПРОМОЦИЈАТА Е ВО ПЕТОК

Дојдете да се видиме и да си го купите новиот број - Задолжителна Дизајн лектира! Со почеток од 19 часот во КОТУР, дојдете да се ослободиме и да ја испратиме 2022 во боите на уметноста и формите на дизајнот!

Печатот на магазинот е поддржан од Министерство за култура на РСМ



Скала Магазин е прва студентска платформа за дизајн и современа уметност, отворена за промоција на домашните млади креативци, поврзување на студентите и независните артисти со организациите и компаниите, како и следење и поддржување на културните настани и сцена.

ПОВЕЌЕ ОД АВТОРОТ