„Споменик за работникот“ требаше да биде нешто сосема друго. Започна со дизајнирање на целосно автоматизирана машина којашто надувува и исфрла балони. Балоните требаше да бидат пренесени со употреба на механизам од стар проектор за слајдови и требаше да бидат надувани со компресор за воздух. За време на една од посетите на Мијалковиќ во продавницата за алати, идејата се смени: тој одлучи да „инсталира“ еден од илегалните работници, од пред продавницата, наместо да ја користи технологијата од продавницата.
Еден ѕидар од Романија се согласил бидејќи никогаш претходно не работел таква „работа со балони“ и побарал по 1 евро за балон. Мијалковиќ и ѕидарот одлучиле заедно балоните да бидат црвени и да губат воздух веднаш штом ќе полетаат од човекот-машина.